Немам намера да предлагам измени на Законот за лустрација

Скопје, 24 ноември 2010 (МИА) - Пратеникот Стојан Андов, по последните настани во врска со процесот на лустрација, денеска изјави дека мора да се направи прецизна анализа на настаните до кои дојде во спроведување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, и за на неговото прекршување, а дури потоа да се изготви соодветен предлог за негови измени. 
 
- Засега не сум утврдил доволно факти дека Законот треба да се измени, смета Андов кој нема намера да поднесе предлози за измени или дополнувања на Законот, бидејќи вели дека досега не видел акти кои укажуваат дека во Законот има слабости, туку оти проблемот е во неговото спроведување, што е општа слабост во земјава. 
 
Според него, општа навика во Македонија е да ги спроведуваме законите како што ни одговара во даден момент и да не се држиме до содржината на Законот, туку секој да прави потези што му одговараат.
 
- Имаме критика од ЕК дека горе долу добро стоиме со донесување на законите, но лошо стоиме со нивна имплементација. Тоа е една општа слабост наша во спроведување на законите и слабост на институциите, изјави пратеникот, иницијатор за донесување на закон за лустрација.
 
Процесот на лустрација, како што рече, е уреден со закон и треба така да се одвива. - Секој што на било каков начин се меша мора да води сметка за законитоста на својата постапка, бидејќи може да има последици, зашто законот тоа го предвидува. Има и други закони кои предвидуваат санкции во спроведувањето на овој Закон. Треба да се оцени законитоста на нивното мешање, изјави Андов.
 
Во врска со притворот на Хисен Муслиу, осомничен за фалсификување досиеја за членови на ДУИ, пратеникот Андов вели дека некој да го апсат за некое дело не значи и дека е виновен.
 
- Кај нас уставна вредност е презумцијата на невиност. Господинот Муслиу ги има сите законски права да тврди дека е невин се додека не биде осуден. Не знам што изјавил. Сите информации се од МВР, а од него нема никаква изјава ниту од негов адвокат. Не е допуштено МВР да каже што тој признал туку тоа треба да го каже неговиот адвокат или тој самиот, изјави Андов.
 
Пратеникот смета дека институциите ќе мора да профункционираат и оти тоа ќе се случи. Кредибилитетот на Комисијата за лустрација, според него, не е доведен во прашање иако нејзините членови се изложени на голем притисок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...