Котевски - Постапуваме по барање на финансиската полиција

Скопје, 25. ноември 2010 (ИНПРЕС)

Група од 30-тина полицајци со неколку полициски возила и џипови, ја блокираа А1 Телевизија и не дозволуваат внатре никој да влезе ниту да излезе, јави А1 телевизија.

Без објаснување и без покажан налог, спротивни на сите закони, сите новинари на А1 Телевизија и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење, објави телевизијата.

- И јас не знам што се случува. А1 повеќе во моментов наликува на мини воена база во која што не би можело ни врапче да прелета без да се легитимира. Меѓутоа она што сакам да го кажам е дека слободата на движење на новинарите А1 и на вработените во А1 не смее да им биде ускратена, изјави главниот и одговорен уредник, Младен Чадиковски.

Поддршка на А1 телевизија и дадоа многу граѓани но и јавни личности и опозициони политичари.

Со соопштение се јави и МВР.

Министерството за внатрешни работи постапува по барање за асистенција од страна на финансиската полиција и управата за јавни приходи, за контрола на финансиското работање на повеќе фирми регистрирани на истата адреса. Телевизија А1 не е меѓу фирмите кои финансиската полиција има обезбедено судска наредба за обезбедување документација, за контрола за финансиското работење. Напротив се работи за фирми чија примарна дејност, според налогот за кој што се регистрирани е трговијата со прехрамбени и други продукти. Законот, како што впрочем кажа и една новинаркa, мора да важи подеднакво за сите. МВР апелира новинарите да не дозволат да бидат измамени и изманипулирани. Да постапуваат спротивно на нивниот етички кодекс и да бранат туѓи финансиски интереси на фирми кои немаат допирна точка со медиумите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...