Реакција на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници кај А1 ТВ25 ноември 2010
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) остро го осудува потегот на полицијата да го спречи пристапот на вработените во ТВ А1, за што вечерва информираат колегите од таа медиумска куќа.
Апелираме да им се овозможи на вработените непречено да ја извршуваат својата работа. Воедно апелираме и до сопственикот на А1 да ги заштити вработените новинари и медиумски работници во ТВ А1 со транспарентно и законито работење кое ќе и го одземе на власта оправдувањето за овој, според сите досегашни информации драматичен упад во медиумот, но и политизирање на случајот во кој е загрозена професионалната слобода и достоинство на колегите.
Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работни
|