Скопје, 6 декември 2010 (МИА) - Експлозивна направа е фрлена во двор на куќа во Дебар маало на улицата „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје синоќа околу 21 часот и 50 минути.
Од МВР информираат дека најверојатно рачна бомба е фрлена во дворот на куќата во сопственост на А.О. (64).
Нема повредени лица при експлозијата, причинети се оштетувања на прозорски стакла и на мермерни плочки.
Извршен е увид на местото на експлозијата, а полицијата презема мерки за откривање на сторителот.