Концерт на Лондонскиот филхармониски оркестар со Трпчески

Скопје,  10 декември 2010 (МИА) - Познатиот македонски пијанист Симон Трпчески вечер ќе настапи во „Метрополис арената“ во Скопје, заедно со Лондонскиот филхармониски оркестар, предводени од диригентот Владимир Јуровски.

На концертот ќе бидат изведени Симфонијата број 5 од Феликс Менделсон-Бартолди, Концерт за пијано и оркестар број 3 од Сергеј Прокофјев и Симфонија број 3 од Јоханес Брамс.

Организатор на концертот е Здружението за култура и уметност „КултурОп“, а покровител е Министерството за култура.

Со овој концерт Трпчески прославува два јубилеја - 15-годишнината од неговиот прв настап со оркестар, одржан во 1995 година со Македонската филхармонија во Скопје и 10-годишнината од неговиот прв настап со Лондонската филхармонија во финалето на натпреварот во Лондон, во 2000 година, на кој беше еден од победниците.

Лондонскиот филхармониски оркестар, со 78-годишна традиција, се смета за еден од најдобрите оркестри на меѓународна сцена и настапува пред публика низ целиот свет. Диригентот Владимир Јуровски е еден од најбараните млади диригенти на европската музичка сцена. Во 1999 година дебатира во Metropolitan Opera во Њујорк со „Риголето“, а во 2007 година станал главен диригент на Лондонскиот филхармониски оркестар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...