Македонија има разумни ставови за јазикот

Вашингтон/Скопје, 10 декември 2010 (МИА) - Македонија има разумни ставови и образложенија за македонскиот јазик и за именувањето на државјанството, но треба да попушти за некои прашања како што е именувањето на аеродромот, наведува американскиот помошник-државен секретар за европски прашања Филип Гордон во документ од состанокот со високи претставници на ЕУ и на 27-те земји-членки во Стокхолм на 3 јули 2009 година, што го објави Викиликс.

На состанокот на кој се расправало за Западен Балкан, Гордон рекол дека САД се уште го оставаат медијаторот Метју Нимиц да го води процесот за решавање на името, и оти заменик-државниот секретар Џејмс Стајнберг разговарал со грчката страна.

- Македонците треба да попуштат за прашања како што се именувањето на аеродромот, но тие имаат разумни ставови и образложенија за други прашања како што се јазикот и именувањето на државјанството. Потребно е двете страни да попуштат за одредени прашања, вели Гордон.

Американскиот помошник-државен секретар на состанокот се заложил за поинтензивна соработка меѓу САД и ЕУ во однос на Балканот и отворените прашања во регионот

Во документот на Викиликс е содржана и изјавата Швеѓанецот Бјорн Лирвал, политички директор во ЕУ, дека Македонија за време на шведското претседателство со Унијата може да добие релативно позитивен извештај за напредокот во 2009., но, како што посочува, “без разлика дали е фер или нефер можеби ќе мора да направи компромис за прашањето за името за да напредува во процесот на евроинтеграција“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...