Владата да демонстрира посветеност на евроинтеграцискиот процес

Скопје, 10 декември 2010 (МИА) - Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска изјави оти Владата мора да демонстрира оти е целосно посветена на евроинтеграцискиот процес и оти со нападите кон него од страна на пратеникот Влатко Ѓорчев не се рефлектира тоа.

- Веќе кажав што мислам за тој случај. Верувам дека е важно оваа Влада да демонстрира акција дека е целосно посветена на евроинтеграцискиот процес бидејќи изјавите на господинот Ѓорчев не го рефлектираа тоа, изјави евроамбасадорот, кој денеска во ЕУ Инфоцентарот учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права.

Потребен е поголем дијалог меѓу сите политички партии, смета тој, а фокусот да се стави на сите предизвици за Македонија: многу сериозните економски проблеми, прашањето за името...

- Има недостаток на дијалог меѓу политичките лидери што негативно се рефлектира на работата на Парламентот, вели Фуере додавајќи дека тие ги повторуваат овие забелешки до политичките партии особено до Владата, која треба да предводи во креирањето на клима за дијалог. Тоа, според евроамбасадорот, ќе помогне да се надминат конфронтациите во општеството.

Досега, вели тој, немало директно извинување од претставник на владејачката партија за навредите на Ѓорчев, но Фуере вели дека се надева оти во партијата на пратеникот сфатиле каква штета со тоа и е нанесено на земјата и порачува дека оваа Влада мора да биде многу фокусирана на предизвиците со кои се соочува Македонија, а не да се губи време на вакви навреди и акции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...