Желев: Бугарија не и ветила на Македонија помош против ЈНА

Софија, 22 декември 2010 (МИА) - Поранешниот бугарски претседател Жељо Желев ги нарече „измислици“ тврдењата на македонскиот весник „Утрински весник“ дека Скопје во 1991 година побарало од Бугарија да преземе нешто доколку Југословенската народна армија (ЈНА) ја нападне Македонија и дека Софија и ветила таква помош. 

Весник пишува дека во текот на 1991 година македонска делегација ја посетила Софија, каде била примена на највисоко ниво од страна на претседателот Жељо Желев и премиерот Димитри Попов, од кои побарала Бугарија да ја признае Македонија и во земјата да се одржат собири во знак на поддршка за нејзината независност.

Делегацијата од Бугарија побарала да преземе нешто доколку ЈНА ја нападне Македонија, а дека Желев и Попов ветиле дека ќе добијат се што ќе побара македонската влада.

Желев потврди дека во тоа време се сретнувал со луѓе од Македонија, дека доаѓал и Љубчо Георгиевски и дека разговарале за ситуациите во Македонија и Бугарија.

- Не е разговарано за евентуална помош од Бугарија доколку Македонија биде нападната. Ние гледавме на сите начини да се избегне таква варијанта, бидејќи тоа би значело проширување на војната и надвор од територијата на поранешна Југославија. Доколку тргнеа наши доброволци, Бугарија фактички би се вклучила. Ние најмногу се заложувавме, како и другите земји со демократски мислења, да не се дозволи војната да излезе надвор од просторот на СФРЈ, изјави Желев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...