Стотина заболени од грип во Куманово

Куманово, 10 јануари 2011 (МИА) - Околу 100 лица заболени од грип се евидентирани во Заводот за здравствена заштита во Куманово.

Од Одделот за епидемиологија информираат дека овој број е вообичаен за овој период од годината и нема простор за паника кај граѓаните.

- Оваа бројка можеби е поголема, но не сите случаи на инфекции на горните дишни патишта се регистрирани кај нас. Пријавени се од сите возрасти од деца до лица во поодминати години. Нема место за вознемирување кај граѓаните за разлика од минатата година кога покрај сезонскиот грип, владееше пандемијата на свинскиот грип, информира епидимиологот Предраг Георгиевски.

Инаку, Георгиевски ги советува граѓаните да се придржуваат кон упатствата на матичните лекари, а доколку сакаат се уште може да ја примат вакцината против сезонски груп.

- Вакцини има во доволни количини, не се од минатата година или со изминат рок, како што имаше информација на некои медиуми поради што и одзивот за вакцина оваа година беше послаб кај граѓаните. Се уште не доцна кој сака може да дојде и да ја прими вакцината, вели Георгиевски.

Вакцината против сезонски грип може да се прими секој ден на Одделот за епидемиологија и чини 400 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...