Петковски со обвинувања кон унгарскиот премиер

>Скопје, 11 јануари 2011 (МИА) - Пратеникот Тито Петковски на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, на која беше презентирана Програмата на Унгарија за шестмесечното претседавање со ЕУ, изнесе оценки за работата на унгарската Влада и на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој го обвини унгарскиот премиер дека е националист, кој се бори за голема Унгарија, автократ со апсолутна контрола во државата и дека ја нарушува слободата на медиумите и независноста на судството.

Реагираше амбасадорот на Унгарија во Македонија Ференц Кекеши, кој оцени дека е непримерно и депласирано да се спомнуваат првите луѓе на владата и да се оценува нивната работа. Тој нагласи дека е битно двете земји да продолжат со пријателските односи какви што ги имаат досега.

На изјавата на Петковски реагираше и пратеникот Васко Шутаров од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ја за скандалозна, и од името на партијата се огради од неа.

- Сметаме дека треба да се извини за таа изјава. Ние како пратеничка група се оградуваме и ја осудуваме таквата изјава заради тоа што беше непримерно да се оценува работа на влада и на премиер коишто се исклучително пријателски настроени кон нашата земја, кон Република Македонија, посебно во година или полугодие во кое што Унгарија има исклучително важна улога во ЕУ како претседавач, рече Шутаров.

Тој очекува за ова да се изјаснат и коалициските партнери на Петковски, СДСМ, и оти не станува збор за шега или гаф, туку за свесно дадена изјава којашто може само да наштети на процесот на приближување на Македонија кон евроатлантските институции.

- Сметаме дека изјавата е свесно дадена во овој тајминг непосредно пред продолжувањето на процесот на преговори со нашиот јужен сосед, посебно заради тоа што Петковски беше еден од оние којшто се залагаше за брзо решавање на спорот со името и тоа без референдумско изјаснување, рече Шутаров.

Изјавата на Петковски ја критикуваше и пратеникот од ДС Павле Трајанов, оценувајќи ја како недипломатска.

Тито Петковски пак, смета оти ја кажал вистината, а споредбата ја направил бидејќи премиерите на Унгарија и на Македонија како лидери на партии со десничарска ориентација кои воделе ист модел на владеење што тој не го оправдува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...