Почнува Вевчанскиот василичарски карневал

Скопје, 13 јануари 2011 (МИА) - Разновидни маски, меѓу кои и стандардните зет, невеста, глупавиот Август и ѓаволот ќе дефилираат денеска во Вевчани каде што почнува традиционалниот  Вевчански василичарски карневал. Со него се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, а досетливите Вевчанци ги исмеваат актуелните настани.

Манифестацијата, која има над 14-вековна традиција и е спој на паганските обичаи со современата пародија на најзначајните случувања, започна вчера со импровизиран саем за алтернативен туризам, а продолжи со концерт на македонски уметници од поп-рок сцената на кој главен гостин беше екс-југословенска музичка ѕвезда Момчило Бајагиќ - Бајага.

Карневалот традиционална завршува на 14 јануари со ритуалното палење на маските, а веднаш потоа се започнува со подготвувањето на маските за наредниот карневал кои се држат во тајност.

Вевчанскиот карневал членува во Фондацијата на светските карневалски градови. На годинашното издание ќе има гости од Лесковачкиот и од Риечкиот карневал. Во рамките на Младинската размена организирана од НВО Младински центар Скопје насловена „Carnival as a tool for intercultural learning - Back to Vevcani 2011“ ќе се маскираат и 70 млади од невладиниот сектор од Шпанија, Литванија, Естонија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија.

Пратеничката Лилјана Поповска, која е претседател на Организацискиот одбор на оваа манифестација, на прес-конференција минатата недела истакна дека Вевчанскиот карневал како туристичка атракција е мошне значаен за македонската економија зашто има над 60.000 посетители.

Градоначалникот на Вевчани Перо Илиески ги повика заинтересираните да присуствуваат на Вевчанскиот карневал и да видат како се чува традицијата. Според него, радува фактот што се повеќе се зголемува бројот на млади учесници на карневалот.

Хроничарот на Вевчани Илија Каланоски потсети дека печалбарите се враќале во Вевчани за време на карневалот, почитувајќи го мотото  „каде и да си, за Василица дома да си“.

Организатор на годинашниов карневал е Тетрагон во соработка со општина Вевчани, а манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Т-Хоме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...