Црвенковски да ги пушти пратениците во Собрание

Скопје, 14 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска уште еднаш ги повика координаторите на пратеничките групи на опозициските партии, кои ја бојкотираат работата на Парламентот повеќе од две недели, во среда да дојдат на координативната средба, посочувајќи дека политичката штета што се нанесува е ненадминлива.

- Не ми преостанува ништо друго туку да упатам апел до лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски да им дозволи и да ги пушти координаторите на политичките партии во среда да дојдат на координативна средба, изјави Вељаноски. Доаѓањето на пратениците на координација, според него, не би морало да значи дека опозицијата го прекинува бојкотот. 

Местото на решавањето на политичките недоразбирања и проблеми, според Вељаноски, е Парламентот. - Секој друг начин на решавањето на проблемите може да испрати погрешна порака до граѓаните на Република Македонија. Порака за создавање на меѓуетнички тензии меѓу граѓаните и инциденти, за жал како овие што се случија, изјави претседателот на Собранието. - Ќе бидам упорен во повикот на пратениците од опозицијата да дојдат на координациите. Денеска повторно ќе упатам писмо до координаторите и потпретседателот на Собранието, изјави тој.   
 
На денешната координативна средба не присуствуваа потпретседателот на Собранието од СДСМ Јани Макрадули и координаторите на пратеничките групи од опозициските партии. Било договорено за среда во 11 часот да биде закажана нова средба на која би се дискутирало за важни теми како што се уставните измени, за седницата посветена на пратенички прашања, но и за повеќе закочени проекти поради бојкотот што се реализираат во соработка со меѓународни организации.

Вељаноски вели дека уставните измени за Државниот завод за ревизија и Судскиот совет ќе бидат изгласани и доколку опозицијата не се врати во Собранието, бидејќи тоа се барања на ЕУ што мора да се донесат. Измените за Државниот завод за ревизија се носат со двотретинско мнозинство, а оние за Судскиот совет со двотретинско мнозинство и по Бадентер. За понеделник е закажана Комисија за уставни прашања, а првата фаза ќе заврши со констатирање на потреба за измени на Уставот што се очекува да се случи на седницата закажана за 21 овој месец. Потоа следува изготвување нацрт - амандман па јавна расправа, нивно „финално дотерување“ и гласање. Вељаноски е дециден дека ќе обезбеди 80 пратеници за тие да бидат донесени.

Во врска со седницата за пратенички прашања што треба да се одржи на 24 февруари, првиот парламентарец вели дека тој е подготвен да ја одложи седницата се до враќањето на опозицијата во собраниските клупи.

Поради бојкотот на пратениците од опозицијата во Парламентот е закочена работата на повеќе проекти, меѓу кои, и на Парламентарниот институт, за што има договор со Швајцарската агенција за равој. Со Управувачкиот совет на Инситутот заседава потпретседателот од редот на опозицијата Јани Макрадули, а поради блокадата не може да се реализира вработувањето на 23 лица. Исто така, како што информира Вељаноски, одложени се три настани во врска со проектот со Westminster фондацијата. Без консензус не може да се оформи и парламентарната мрежа.

- Политиката треба да се одвои и да не се прелее на целиот систем. Политичката штета е ненадминлива, вели претседателот на Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...