Средба Груевски - Црвенковски

Скопје, 15 март 2011 (МИА) - Лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски денеска во 13 часот во Клубот на пратениците ќе имаат средба на која ќе се обидат да ги надминат отворените прашања во пресрет на предвремените парламентарни избори и за обновување на дијалогот власт-опозиција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во петокот го покани опозицискиот лидер Црвенковски на средба преку отворено писмо, оценувајќи дека иницијативата е во интерес на  претстојниот изборен процес и приоритетите на државата.

Црвенковски ја прифати поканата за средбата истиот ден, но посочи дека прашањето за избори не е само на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и оти доколку нешто биде договорено на неа, за тоа ќе треба да се согласат и останатите политички партии на поширока лидерска средба.

Како што најави на прес-конференција во петокот, СДСМ останува на барањето да се деблокираат сметките на медиумите од „Перо Наков“, да се прочисти Избирачкиот список, да се направат измени на Изборниот законик и да се обезбеди реална поделба на буџетски платеното рекламирање во медиумите.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски неколкупати досега посочи дека сите барања на опозицијата се исполнети, освен тоа за сметките на фирмите на „Перо Наков“ бб, кое како што рече не е во доменот на извршната, туку на судската власт.

ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денешната средба преку соопштение до медиумите истакна дека идејата за нејзиното одржување произлегла од фактот што по излегувањето на СДСМ од Собранието сериозно се нарушија интересите на Република Македонија и оттука постои потреба за надминување на ситуацијата, стои во партиската реакција. Воедно изразуваат надеж дека, како што наведуваат, „ова не е уште еден блеф и политички маневар на Црвенковски со кој ќе сака да направи се за да го стопира и наруши и пролонгира изборниот процес“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...