Груевски предложи распуштање на Собранието на 31 март

Скопје, 15 март 2011 (МИА) - По тричасовната пауза, вечерва продолжи средбата на лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски во Клубот на пратениците, на која партиските лидери ќе се обидат да ги надминат отворените прашања во пресрет на предвремените парламентарни избори и за обновување на дијалогот власт-опозиција.

На средбата, Груевски е придружуван од Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Силвана Бонева, а со Црвенковски се Наташа Савова, Андреј Петров и Јани Макрадули.

За време на досегашните едноиполчасовни разговори било отворено само прашањето за Изборниот законик, при што од СДСМ останал на истите барања, а предусловот за деблокирање на сметките на медиумите од „Перо Наков“ бб сега станува услов.

Тие бараат во Изборниот законик да се вметнат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, предлозите што тие ги дале во нивниот Предлог за измени на Изборниот законик доставени до Собранието на 5 септември минатата година, во кои се опфатени загарантираните квоти за помалите етнички заедници и избирачките одбори да бидат составени од членови на партиите. Исто така, ги изнеле и своите барање во однос на гласањето на дијаспората. Како што информираат од СДСМ, тие ќе се вратат во Собранието само доколку се прочисти Избирачкиот список, се донесат измените на Изборниот законик и биде донесен закон или кодекс за регулирање на работата на медиумите во однос на распределбата на владините кампањи, како и условот поврзан со медиумите од „Перо Наков“.

Во попладневиот дел од средбата што треба да започне во 18 часот, се очекува да бидат изнесени ставовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со барањата на СДСМ за измени на Избирачкиот законик и да бидат отворени прашањата за прочистување на Избирачкиот список и Законот за медиуми, како и прашањето за сметките на медиумите од „Перо Наков“. Во врска со прочистувањето на Избирачкиот список СДСМ ќе инсистира на формирање комисија, која ќе го провери списокот, но надвор од Собранието.

На почетокот на средбата Црвенковски побарал и одржување поширока лидерска средба бидејќи смета дека разговорите кои што се однесуваат на изборниот процес треба да се водат и во присуство на другите лидери од парламентарните партии.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како што информираат нејзини претставници, на средбата била предложена комплетна агенда со мерки и активности кои треба да се преземат во следните денови, а е во согласност со барањата и условите од опозицијата што практично претставува и прифаќање на легитимните барања од опозицијата. Утре на собраниска седница да се избере претседател на ДИК по што се подразбира и се очекува опозицијата да се врати во Собранието и да гласа за сопствениот предлог. Ако СДСМ не се врати во Собранието, не се исклучува можноста мнозинството само да го избере претседателот на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ предлага утре да се усвојат и измените на Изборниот законик согласно барањата на СДСМ, односно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Според временската рамка на ВМРО-ДПМНЕ, утре треба да се формира и комисија за утврдување на состојбата со Избирачкиот список, при што за нив е прифатливо и претседателот на оваа комисија да биде од СДСМ. Оваа комисија потоа ќе терба на 26-ти март да ја заврши својата работа и да поднесе извештај до Собранието, а истиот тој извештај најдоцна до 30-ти март да биде прифатен.

За Законот за рамномерна распределба на средствата за информативните кампањи, од ВМРО-ДПМНЕ бил повторен фактот дека во ниту една држава во светот не постои таков закон. Сепак, за да се најде решение предлагаат од денот кога ќе се распушти Собранието да се прекинат сите информативни кампањи од страна на Владата, иако во Законот таква обврска не постои.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на случајот „Пајажина“ останува непроменет, односно е подвлечено дека политичките партии, Собранието и Владата немаат надлежност да се мешаат во овој случај којшто е целосно во рацете на судската власт.

Во овој план ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието да се распушти на 31-ви март 2011 година.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во петокот го покани опозицискиот лидер Црвенковски на средба преку отворено писмо, оценувајќи дека иницијативата е во интетерес на претстојниот изборен процес и приоритетите на државата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...