Средбата Груевски - Црвенковски без исход

Скопје, 16 март 2011 (МИА) - Очигледно е дека барањата на СДСМ се само параван за неизлегување на предвремени избори односно одложување, затоа што знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните и оти во наредните четири години ќе бидат во опозиција, изјави лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски по десетчасовната средба со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Претходно, Црвенковски изјави дека доколку не се прифатат  клучните барања СДСМ нема да се врати во Собранието, а не е исклучена можноста за бојкот на евентуалните предвремени избори. Според него, добро е што лидерите се сретнаа и што се отвори, како што рече, една содржинска дебата, пред се, околу Изборниот законик, но и за другите прашања што опозицијата ги поставува како услови за враќање во Парламентот и за учество на претстојните парламентарни избори.

Според Груевски, предвремени парламентарни избори се можни и ако се случи опозицијата да ги бојкотира, затоа што, нагласи, целта на владејачката партија е да се исполнат сите логични, но понекогаш и нелогични барања од опозицијата, пред се од СДСМ.

- Откако ќе ги прифатиме барањата, нивна е одлуката дали ќе одат или не на избори. Ние не исклучуваме можност да одиме на избори и со нивен бојкот, рече лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Груевски.

За десет дена е пролонгиран првичниот рок 31 март 2011. за распуштање на Собранието, согласно агендата со мерки и активности на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени избори, соопшти лидерот на владејачката партија и изразувајќи надеж дека тој рок ќе се запази.  

Груевски посочи дека доколку се оцени за потребно ќе има повторна средба со Црвенковски, но и со лидерите на другите парламентарни партии.

На средбата владејачката партија прифатила повеќе од 30 барања на опозицијата, а за време на разговорите постојано биле доставувани нови предлози од СДСМ.   

Лидерот на опозицијата Црвенковски рече дека не е постигнат договор за барањата во врска со Изборниот законик, додека, пак, за Избирачкиот список барaњето на СДСМ било проверката да трае 30 дена, наместо 20 како што предложила ВМРО-ДПМНЕ.  

- Не се договоривме за составот на избирачките одбори, прашање без кое ние не можеме да дадеме согласност на Изборниот законик, изјави лидерот на опозицијата.

Според Црвенковски, не постои подготвеност за деблокирање на сметките на А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“.  - Ние даваме поддршка на борбата против криминалот и корупцијата. Кој го прекршил законот нека одговара, но медиумите нека бидат оставени во овој период да работат, изјави Црвенковски.  

Груевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на случајот „Пајажина“ дека тој останува непроменет, односно политичките партии, Собранието и Владата немаат надлежност да се мешаат во овој случај којшто е целосно во рацете на судската власт. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, е предложено на денешната собраниска седница да се избере претседател на ДИК, а ако СДСМ не се врати во Собранието, не е исклучена можноста мнозинството само да го избере претседателот на комисијата. На седницата да се усвојат и измените на Изборниот законик согласно барањата на СДСМ, односно препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да се формира комисија за утврдување на состојбата со Избирачкиот список, при што за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо и претседателот на оваа комисија да биде од СДСМ. Оваа комисија потоа ќе треба на 26-ти март да ја заврши својата работа и да поднесе извештај до Собранието, којшто најдоцна до 30-ти март треба да биде прифатен.

Што се однесува до законот за медиуми, според Црвенковски не постои подготвеност од владејачката партија да се донесе. Законот, како што рече, ќе овозможи рамномерна распределба на средствата од јавните фондови, буџетот, јавните претпријатија за владини медиумски кампањи.

За ова барање, како што истакна Груевски, од ВМРО-ДПМНЕ бил повторен фактот дека во ниту една држава во светот не постои таков закон. Сепак, за да се најде решение предлагаат од денот кога ќе се распушти Собранието да се прекинат сите информативни кампањи од страна на Владата, иако во Законот таква обврска не постои. Од ВМРО - ДПМНЕ предлагаат таков закон да се изработи по изборите, но со претходно одржани јавни дебати, предлози од експерти и учество на медиумите.

Во однос на барањето на СДСМ во составот на избирачките одбори да има по двајца претставници од владејачките партии и опозицијата, а претседателот на одборот да биде од редот на јавната администрација со подолго работно искуство, ВМРО-ДПМНЕ смета дека е добро сегашното решение кое предвидува по еден претставник од власта и од опозицијата. Во образложението на ова барање владејачката партија наведува дека ОБСЕ не бара зголемување на партиските претставници, туку напротив, во 2006-та бараше целосно да бидат елиминирани за да се намалат можностите за изборни инциденти. ВМРО - ДПМНЕ смета дека сите членови на јавната и државната администрација треба да бидат потенцијални кандидати за членови на ИО.

Владејачката партија го прифаќа барањето на СДСМ за загарантирани квоти за помалите етнички заедници, но под услов доколку тоа го прифатат сите поголеми политички партии. Прифатливо за нив е и барањето на СДСМ за заштита на правото на глас и за т.н. шпекулативни листи. Предлага во сите избирачки единици носител на листа да биде едно лице, а по завршувањето на изборите тоа лице да прифати во која изборна единица го прифаќа мандатот. Покрај ова, прифатливо е и еден број за една партија во сите шест избирачки единици, но да нема бројчиња со празни места.

Од ВМРО - ДПМНЕ е прифатено и барањето на СДСМ да се дефинираат активностите кои се дозволени, односно не се дозволени за пред почетокот на изборната кампања. Исто така, прифатено е и барањето партиите да имаат увид во Избирачкиот список пред да биде затворен и доколку имаат забелешки да може да поднесат приговор до ДИК.

Дополнителен предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше седниците на Државната изборна комисија кои ги свикува претседателот на ова тело, да може да бидат свикани и од страна на заменик-претседателот или член на ДИК доколку има писмена поддршка од мнозинството членови на комисијата. Целта е, појасни Груевски, да не се случи блокада на изборите ако претседателот на ДИК даде оставка или реши да ја блокира работата на ова тело.

Груевски соопшти дека прифатлив е и јавен увид во избирачките списоци.

СДСМ побарале да има и цензус за минимум гласачи во дијаспората за да станат пратеници. Од ВМРО - ДПМНЕ одговориле дека таквиот цензус мора да биде сооднос според бројот на минимум потребни гласови за да се освои едно пратеничко место во Македонија, за кој што се согласиле дека е 5.500 и бројот на лица во една Изборна единица односно бројот на лица пријавени во изборната едница каде што ќе гласа дијаспората. - Тој што ќе победи во дијаспората би требало да има најмалку два отсто од оние што гласале, појасни Груевски.

Меѓу барањата за  коишто владејачката партија се изјасни дека ги прифатила е и мониторингот од страна на Советот за радиодифузија од денот на распишувањето на избори. Тие сметаат дека СРД треба во рок од 10 дена да донесе правилници еден за периодот од распуштање на Парламентот до денот на почеток на кампањата, а вториот за периодот за време на кампањата.

Во одговорот на барањата на СДСМ, владејачката партија прифати и администрацијата односно полицијата и царината да не бидат прераспределувани на денот на изборите, како и да нема исплата на парична и ад хок помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...