„Петокнижието Исаково“ – роман од бугарскиот Евреин Анжел Вагенштајн во издание на „Макавеј“

Скопје, 17 март 2011 (МИА) - Познатиот бугарски романсиер и еден од најпопуларните филмски сценаристи во Бугарија, Анжел Вагенштајн, кој беше дел од делегацијата на Евреите од светот по повод свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, го објави на македонски јазик својот роман „Петокнижието Исаково“ во прозната едиција на книгоиздателството „Макавеј“.

Романот е дел од трилогијата романи („Петокнижието Исаково“, „Далеку од Толедо“ и „Збогум Шангај“) кои говорат за судбината на Евреите пред и за време на Втората Светска Војна. Во превод на Владимир Цветкоски, „Петокнижието Исаково“, на уверлив и трогателен раскажувачки начин, ја претставува приказната за судбината на Исак Блуменфелд, Евреин кој пред, и за време на Втората светска војна доживува страотна семејна и лична катаклизма. Тој е мобилизиран и малтретиран од пет режими бидејќи неговото родно село Колодец пет пати влегува во составот на пет различни држави – Австро-Унгарија, Полска, Советскиот Сојуз, нацистичка Германија и, по Втората светска војна, повторно СССР.

Романот се темели на обемна документарна подлога и со својата драматичност на собитијата го потврдува правилото дека понекогаш животот е извор на толку голем квантум на непредвидливото поголем од фикционалноста од самата литература. Освен тоа, романот го провира и низа незаборавни еврејски шеги не само за да ја засладат горчливата реалност, туку и зашто ја отелотворуваат хуманистичката основа на филозофијата на Исак.

Трилогијата на Вагенштајн е преведена во сите европски книжевни центри а нејзините дела се закитија со многу меѓународни награди. „Далеку од Толедо“ во 2002 година ја освои наградата „Алберто Беневист“ од Сорбона, а романот „Збогум Шангај“, ја освои наградата Жан Моне за Европска литература во 2004.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...