Резолуцијата за Македонија пред Европскиот парламент

Стразбур, 6 април 2011 (МИА) - Европскиот парламент денеска на пленарна сесија во Стразбур ќе расправа, а утре ќе гласа за резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот за членство во ЕУ.

Документот што на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на ЕП, ќе го брани бугарскиот европратеник од групата на Социјалистите и демократите Кристиан Вигенин наместо Зоран Талер, кој поради корупциски скандал поднесе оставка од функцијата европарламентарец и известувач за Македонија.

Германскиот европратеник и шеф на групата на Социјалистите и демократите  Мартин Шулц смета дека предложената резолуција е валидна и покрај тоа што таа беше изработена од Зоран Талер, чие име нема да се најде во документот.

Во резолуцијата, Европскиот парламент уште еднаш бара итно отворање на преговорите за членство во ЕУ, со жалење што Советот на ЕУ не ги следел досегашните препораки на Европарламентот и на Европската комисија.

Европратениците истовремено жалат што разликите за името ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ. Во таа насока тие уште еднаш имаат нагласено дека „двете страни треба да ги разрешат билатералните проблеми во духот на добрососедството водејќи сметка за општиот интерес на ЕУ“. Резолуцијата бара исто така од Европската комисија и Советот на ЕУ да почнат со изработка на механизам за арбитража кој би овозможил да се решаваат билатералните проблеми меѓу земји кандидати за членство со држави кандидати или членки на ЕУ и меѓу држави членки на ЕУ. Од европскиот комесар за проширување се бара да помогне во постигнувањето договор за прашањето за името, како и да предложи политички мерки почитувајќи ги целосно процедурите за преговори кои се во тек во ОН. Изнаоѓањето решение за спорот за името, според текстот на резолуцијата, претставува тест за надворешната политика на ЕУ по Лисабонскиот договор, исто како и за капацитетот на Унијата да ги разреши меѓународните разлики на нејзините граници.

Во резолуцијата, наместо македонски јазик се употребува општата формулација, „официјален јазик“ на државата, но на неколку места е користена придавката македонски за назначување на македонската влада или македонските власти.

Грчките европратеници имаа поднесено неколку амандмани со кои се бара во финалната верзија за кога ќе се гласа утре да биде избришана придавката „македонски“, додека британскиот европратеник Чарлс Танок со свој амандман бара македонскиот јазик да се ословува со неговото име, а не со терминот „официјален“ јазик на државата.

Вкупно се поднесени девет амандмани, и сите се однесуваат на името и користењето на придавката македонски. Грчките европратеници побараа да се избрише од резолуцијата делот во кој се зборува за средбите меѓу премиерите на двете земји како илустрација на добрата волја за наоѓање на решение за спорот со името.

Привремениот известувач на ЕП за Македонија Кристиан Вигенин во изјава за МИА некористењето на придавката „македонски“ го оправдува со  нерешеното прашање за името, како и со се уште отворените и нерешени прашања со соседите, посебно со Бугарија. Имено, во резолуцијата се бара да се заштитат бугарските културно историски обележја во Македонија, исто како и да се работи на заедничко изучување на историјата.

Во документот станува збор и за слободата на медиумите, меѓуетничките односи и внатрешната политичка ситуација. Европратениците и честитаат на владата за „ефикасното спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ“. Во документот се изразува загриженост поради длабоките проблеми во политичкиот дијалог и политичката култура во Македонија. Политичките партии од опозицијата се повикуваат „да стават крај на парламентарниот бојкот и повторно да учествуваат во дијалогот во рамките на институциите“, потсетувајќи ги сите партии дека „одговорност на владата и на опозицијата е да гарантираат итен и отворен дијалог за сите предизвици со кои земјата се соочува“.

Европратениците изразуваат и загриженост поради високата стапка на невработеност кај младите, посочувајќи на потребата од поефикасна борба против корупцијата, како и реформата на судскиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...