ЕП ќе гласа за резолуцијата за Македонија

Стразбур, 7 април 2011 (МИА) - Европскиот парламент денеска на пленарна сесија во Стразбур ќе гласа за резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот за членство во ЕУ.

Во резолуцијата, Европарламентот уште еднаш бара итно отворање на преговорите за членство во ЕУ, со жалење што Советот на ЕУ не ги следел досегашните препораки на Европарламентот и на Европската комисија.

Документот што на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на ЕП, вчера во рамки на дебатата го бранеше бугарскиот европратеник од групата на социјалистите и демократите Кристиан Вигенин наместо Зоран Талер, кој поради корупциски скандал поднесе оставка од функцијата европарламентарец и известувач за Македонија.

Во четириесет и пет минутната расправа, јави дописникот на МИА, најголемиот број од европратениците изразија жалење што Република Македонија се уште нема започнато преговори за членство во Европската Унија и покрај препораките кои ги даде Европскиот парламент и Европската Комисија.

Еврокомесарот Штефан Филе и унгарската министерка Енико Ѓори во името на унгарското претседателство го оценија извештајот како урамнотежен и упатија слични пораки дека Македонија постигнала значаен напредок во многу области, но оти треба и понатаму да работи на реформите во политичкиот дијалог, правосудниот систем, слободата на медиумите. Филе нагласи дека Македонија во моментов се наоѓа на вистинска раскрсница.

- Или таа ќе продолжи на патот кон ЕУ со заемна корист, или ќе заостане додека регионот напредува. Затоа е време и потребно да бидеме на нивото на нашите ангажирања и одговорности, рече Филе и посочи дека Комисијата е подготвена да помогне во изнаоѓање на решение.

Главната причина за незапочнувањето на преговорите е блокадата од Грција поради нерешениот спор со името, рече унгарската министерка и изрази надеж дека по пресудата на Судот од Хаг до крајот на годинава проблемот ќе биде надминат со што ќе се деблокира процесот за почеток на преговори.

Времениот известувач Вигенин ја повика идната македонска влада, со сета легитимност од претстојните предвремени парламентарни избори, да се зафати со решавањето на името и реформите за членство во ЕУ.

Во тој контекст, речиси сите грчки европратеници кои зедоа учество во расправата останаа на иста позиција - нема да има преговори се додека нема решение за името. Вината за неизнаоѓање на решение, тие ја префрлија врз македонската страна, а на забелешките на повеќе други нивни колеги дека Грција може да ја блокира Македонија во процесот на зачленување и подоцна, грчките европарламентарци како Јоргос Кумуцакос сметаат дека тоа „само ќе го охрабри Скопје“ да не попушта по прашањето за името.

Некои европратеници, меѓу кои и Чарлс Танок ја потсетија Грција на позитивните придобивки кои таа и ЕУ ги доби со членството во ЕУ, прашувајќи поради кои причини таа и го спречува тоа право на Македонија. Европратеничката Заборска ги потсети европратениците дека кога доаѓале од Брисел во Стразбур поминале прво во Луксембург, провинција на Белгија и Луксембург државата.

- Ако Белгија се однесуваше кон Луксембург како што сега се однесува Грција кон Македонија, ЕУ никогаш немаше да биде создадена, рече таа повикувајќи ги нејзините колеги да гласаат за амандманите со кои ќе се дозволи употребата на официјалното име на Република Македонија.

Унгарскиот пратеник Табајди смета дека одговорноста за ситуацијата во Македонија и непочетокот со преговорите не треба да се бара само во Македонија. Свој дел, додава, има и Европскиот совет, кој не ги послуша препораките на Европскиот парламент и Комисија и го одлага почеток на преговорите со земјата.

Од Стразбур вчера јасно беше испратена порака од страна на Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет од потребата за одржување на регуларни, транспарентни и слободни избори во Македонија во согласност со меѓународните норми, како и за поголема одговорност на сите политички партии, кои во регионот имаат тенденција кога се во опозиција да ја бојкотираат работата на Парламентот. Дел од овие препораки усно ќе ги пренесат претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот Штефан Филе при нивната посета на Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...