Треба европеизација на Балканот, а не балканизација на Европа

Битола, 8 април 2011 (МИА) - И грчките и бугарските европратеници треба да знаат дека поминаа времињата кога некој друг одлучуваше за тоа дали постои македонска нација или македонски јазик. Тие обиди се карактеристични за 18.век, а не за 21.век, изјави денеска во Битола вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, коментирајќи ја донесената Резолуција за Македонија во Европскиот парламент.

- Мислам дека беше преамбициозно да се очекува од еден европратеник што доаѓа од една држава која има проблеми со постоењето на нашиот јазик, да го брани постоењето на нашиот јазик. Верувам дека наредниот известувач кој ќе биде одговорен за Република Македонија, нема да доаѓа од некоја држава сосед или што има проблеми со името на нашата нација и нашиот јазик. Верувам дека наредниот известител на Република Македонија ќе може да ја прифати реалноста на постоењето на македонскиот јазик, посочи вицепремиерот Наумовски.

На прес-конференцијата во Битола, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија Васко Наумовски порача дека потребна е европеизација на Балканот, а не балканизација на Европа.

- Сведоци сме дека државите од Балканот кога ќе станат членки на ЕУ, по дефиниција би требало да ги европеизираат своите општества, но за жал наместо да видиме европеизација на Балканот, гледаме обиди за балканизација на Европа. Мислам дека за ова треба самата ЕУ да посвети посебно внимание. Но и по оваа Резолуција, над два милиона Македонци ќе го зборуваат македонскиот јазик насекаде низ светот, како и на светските универзитети каде се изучува македонскиот јазик, истакна Наумовски, кој денеска пред студентите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ ја претстави публикацијата на македонски јазик „Договорот од Лисабон“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...