Љубиша Кировски нов претседател на Сојузот на музички уметници на Македонија

Скопје, 13 април 2011 (МИА) -  Виолинистот Љубиша Кировски е нов претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), избран на  редовната изборна седница на Собранието на СМУМ, што се одржа вчера.

Нови членови на Управниот одбор на Сојузот, според одлуката на изборното Собрание, се Марија Вршкова, Весна Гиновска Илкова, Катерина Гелебешева Костадиновска, Никола Паскалов, Тодор Светиев и Васил Атанасов. За претседател на Собранието на СМУМ е избран Валери Стефановски.

Кировски ќе го раководи СМУМ во следниот мандатен период од четири години. Најавува дека  ќе се залага за враќање на интегритетот и достоинството на македонските уметници, за издигање на Сојузот на многу повисоко ниво, оформување концертна агенција во рамките на СМУМ и за валоризација на трудот на уметниците.

- Ќе инсистирам за  поголема вклученост на нашите членови во сите институции како членови на управните одбори на Македонската филхармонија и Опера, на фестивалот „Охридско лето“ како и во сите комисии за доделување државните награди и признанија. Мислам дека на програмите на Македонската филхармонија македонските солисти се застапени со многу мал број концери на годишно ниво и ќе побараме конечно да се направи национална програма според која половина од концертите ќе бидат со македонски солисти. Исто така  на  нашиот најголем  фестивал 'Охридско лето' ке го очекуваме истото , односно ќе побараме одреден број концерти со наши солисти, изјави Кировски.

Едно од многу важните прашања што ги засегаат уметниците, според Кировски, е валоризацијата на нивниот труд. - За жал досега бевме ставени на маргините со жалосно ниски хонорари, а сведоци сме на енормно високи хонорари и огромно одлевање на средства за странските уметници. Секако ќе бараме тоа да се смени  и на ова поле македонскиот музички уметник да си го врати своето достоинство, вели Кировски.

Најави и дека ќе се залага домашниот фестивал „Златна лира“, кој оваа година ќе се одржи по петти пет, да прерасне во интернационален фестивал, со главен примат на македонските уметници, а странските гостувања да бидат исклучиво врз база на реципроцитет.

Љубиша Кировски е роден 1971 година.  Дипломирал   на  Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на проф. З. Димитровски, во чија класа и магистрирал со посебна пофалба цум лауде. Има настапи на сите позначајни фестивали во Македонија. Бил концерт мајстор во Македонската Опера и Македонската Филхармонија. Сега е вонреден професор на ФМУ во Скопје и водач на гудачкиот квартет „Гајдов“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...