Радмила Шеќеринска кандидат на СДСМ за премиер

Скопје, 20 април 2011 (МИА) - Радмила Шеќеринска е кандидатот не Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за премиер доколку партијата победи на предвремените парламентарни избори, а нејзини најблиски соработници би биле Зоран Заев, Зоран Јовановски и Стево Пендаровски.

Тоа го објави вечерва лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од основањето на партијата.

Според Црвенковски, Шеќеринска е личност која е синоним за успешни македонски евроинтеграции, со углед и авторитет не само во Македонија, туку и во Брисел и во Вашингтон. - Ако некој знае и може да го трасира вистинскиот пат до нашето членство во НАТО и ЕУ тоа е Радмила Шеќеринска , рече Црвенковски.

Иако таа во 2008 година доживеа пораз на парламентарните избори, како што наведе лидерот на СДСМ, имала доблест да поднесе оставка, но не се пасивизирала и повлекла, туку доследно и посветено останала во првите редови на партијата.

Шеќеринска рече дека ја прифаќа кандидатура како огромна обврска со една цел, како што рече, „да ја направиме Македонија држава со просперитет чии луѓе имаат надеж“.

Црвенковски нагласи дека нема да учествува во новата власт, поради тоа што, таков договор во СДСМ имале уште од денот на неговото враќање на чело на партијата, која, како што рече, била одговорна и свесна дека на новите предизвици со кои се соочува Македонија треба да се спротивстави со нов тим.

Во обраќањето пред членовите и симпатизерите Црвенковски оцени дека СДСМ во изминатите две години се консолидирала и оти денес е силна и обединета партија подготвена да ја побара и да ја добие довербата од граѓаните, подготвена за победа на изборите.

Црвенковски упати критики кон економските политики на власта и односот кон ЕУ и НАТО, поради што, наведе, Македонија е држава со голема сиромаштија, невработеност, корупција, криминал, без странски инвестиции, изолирана и оддалечена од евроатланските интеграции.

Во Македонија мора брзо и радикално да се променат приоритетите, порача Црвенковски, обвинувајќи ја владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека со агресивна и континуирана скапо платена пропаганда успеала да создаде низа вештачки стереотипи, кои немале никаква врска ниту со вистината ниту со реалноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...