Скопје, 8 јуни 2011 (МИА) - Советот за радиодифузија (СРД) соопшти дека ќе поведе прекршочни постапки против ТВ Сител, поради емитување информации во врска со организатор на изборна кампања со што го прекршил предизборниот молк и против ТВ А1 заради емитување платено политичко рекламирање во посебни информативни програми.
На денешната седница СРД одлучи поради други помали пропусти да упати укажување до ТВ АБ Канал, Радио Фокус од Тетово и Радио Б-97.