Партиите се „чисти“

Скопје, 9 јуни 2011 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска информираше дека до неа се пристигнати финансиски извештаи од 14 организатори на изборна кампања, дека од првичните анализи ниту една политичка партија досега го нема надминато законски дозволениот лимит и оти конечните извештаи за кампањата треба да бидат доставени петнаесеттиот ден од изборите.    

Финансиски извештаи не доставиле партиите СДПМ, ОМ, НДУ и ПДП. - Тоа, само по себе, подразбира дека Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесе прекршочни пријави за непочитување на обврските што произлегуваат од Изборниот законик, што се однесуваат на организаторот на изборната кампања во својство на правно лице, изјави на прес-конференција претседателот на комисијата Воислав Зафировски. Антикорупциска презема соодветни мерки за санкционирање на ДУА, од која комисијата не добила известување дали во Буџетот се вратени оние 160.000 денари, кои беа пријавени како донација, а согласно Изборниот законик го надминуваа дозволениот лимит од 5.000 евра.

За ДКСК, како што информираше Зафировски, се уште е отворен случајот со кредитот односно како што беше наведено во првиот финансиски извештај донацијата на СДСМ од Комерцијална банка АД.

- Сведоци бевте дека веднаш по нашата прес-конференција, од Комерцијална банка А.Д. Скопје демантираа дека станува збор за каква било донација, што упатува на тоа дека податокот презентиран од страна на организаторот на кампањата е неточен. На тоа се надоврза и СРД, кои ги објавија податоците за минутажата на платено политичко рекламирање за првата половина од кампањата. Тие податоци покажуваа многу поразлична слика од онаа прикажаната во првичниот извештај и различна од онаа прикажана во демантот на Комерцијална Банка А.Д. Скопје, изјави претседателот на Комисијата. 

ДКСК, додаде тој, го обезбеди рамковниот договор за револвинг кредитот меѓу СДСМ и Комерцијална банка А.Д. Скопје, побара банков извод за состојбата на сметката, од СДСМ побара да и бидат доставени поединечните договори, врз основа на кои, во рамките на договорениот за користење на кредитот се влечени средства наменети за кампањата.

- Одговор во ДКСК се уште немаме, што значи дека ова прашање останува и натаму отворено и е предмет на постапување на Комисијата, рече тој.

Зафировски рече дека во финансиските извештаи повторно не се заведени средствата од членарината, што согласно Изборниот законик е првоозначен извор за финансирање на изборната кампања. И овој пат, освен во извештајот на организаторот на изборната кампања на Национално демократската преродба, во прилог на останатите извештаи не се доставени ниту приходните, ниту расходните банкарски изводи.

Донациите се носечки извори на средства за изборната кампања за предвремените парламентарни извори.  Сите прикажани донации, според претседателот на Антикорупциска, се во согласност со законскиот лимит до 5.000 евра донација од физичко лице. За правните лица, антикорупциска побарала податоци за завршните сметки на „Единство“ – Челопек, АД „Југосуровина“ и „Трготекстил“ за да утврди дали донациите се во рамки на законскиот лимит. - Во принцип, податоците што ги добивме од Централниот регистер, говорат дека се е во рамките на законскиот лимит, но се уште чекаме одговор од ВМРО – НП да посочат која од трите фирми што настанале од „Трготекстил“ е донаторот, за да може да утврдиме дали и таа донација е во согласност со законот, вели Зафировски.

Во поглед на донациите уплатени од правните лица на жиро сметките на организаторите на изборните кампањи во втората половина од кампањата, Антикорупциска побарала да ги добие податоците од завршните сметки на „Стела Интернационал“ од Куманово и „Бетон“ од Штип за да може да се направат соодветни проверки на совпаѓањето на донациите со законски лимитираните износи.

Организаторите на изборната кампања на ДУИ, ДПА, ПОДЕМ и на Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ имаат потрошено повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите.

-  ДУИ, од донации, обезбедиле вкупно 4.251.000, а потрошени 7.316.920 денари; ДПА, од донации обезбедиле 669.000, а потрошиле 2.735.368 денари, ПОДЕМ од донации обезбедиле 79.000, а потрошиле 121.000 и на крај, коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации, обезбедиле 31.930.000, а потрошени се 272.256.168 денар. Овие констатации нудат можност за анализи кои ќе ги направиме по добивањето на финалниот финансиски извештај, но генерално треба да се има предвид дека завршниот извештај треба да го достават по 15 дена од завршувањето на изборите, што значи жиро сметката е отворена во тој период и можни се промени на приходната и расходната страна, изјави Зафировски.

Комисијата, поаѓајќи од своите надлежности, а имајќи ги предвид и овластувањата со писмен допис се обрати до банките во кои беа отворени наменските жиро сметки на сите организатори на изборната кампања и ги побара банкарските изводи на приливната и расходната страна од сметките, за периодот од 16 мај до 3 јуни, кои ќе бидат предмет на наша дополнителна анализа.

- Во претстојниот период ќе продолжи со дополнителна обработка на пристигнатите финансиски извештаи, особено во делот на расходите по основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, за што ни се неопходни податоците од СРД, како и податоците од медиумите кои ги очекуваме 15 ден од завршувањето на изборната кампања, изјави Зафировски.  Тој информираше дека, како што рече, „на ДКСК од СРД и е наметната комуникација изразена со неиздржани обвинувања и обиди за дискредитација и дисквалификација  во очите на домашната јавност и меѓународните претставници“ и обвини за притисок.

- СРД на 18 мај, значи во веќе започната изборна кампања, достави барање за  позитивно мислење за повеќе десетици нови вработувања и за финансиска поддршка од Буџетот за набавка на опрема за следење на изборната кампања, потреби кои не се утврдени во Годишна програма на Советот за тековната година, ниту се планирани во буџетот, па оттаму и се работи за вонредни исплати и набавки кои во време на распишани избори се забранети. Тоа јасно произлегува од Законот за спречување на корупцијата и важи за сите институции и корисници на буџетски средства, изјави тој. СРД, истакна, упорно одбива да го прифати ваквото мислење на ДКСК, низ повеќекратна преписка самоповикано влегува во надлежностите на ДКСК толкувајќи го во своја полза Законот за спречување на корупцијата. - Уште во февруари Европската комисија на Советот му било предочено во однос на предвремените избори дека треба да биде во можност да го спроведе законот и за да функционира правилно да добие средства и финансиска помош од Владата“. ДКСК постапувајќи надлежно, доследно спроведувајќи го законот, не може и нема  да биде чие и да е покритие и оправдување за пропуштеното и пројавената слабост, рече Зафировски.

Комисијата смета дека образецот за финансискиот извештај е ненаменски за прикажување на изворите на финансирање во изборната кампања, заради што е неопходно да се изготви нов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...