Куманово, 23 јуни 2011 (МИА) - Не постои претходна поврзаност на Мартин Нешковски и осомничениот за неговото убиство Игор Спасов, туку се работи за две посебни постапки кои се водени и завршени, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Таа одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Граничниот премин „Табановце“ каде што учествуваше во промоција на информативните летоци наменети за странските туристи кои доаѓаат или транзитираат низ Република Македонија истакна дека е запознаена со информацијата емитувана во некои медими.
- Доколку некоја од странките бара повторна правна процедура, нејзино обновување, повторување, било каква форма на повторно отварање, МВР целосно стои на располгање во смисла на обезбедување на информации и утврдување на фактичката состојба, изјави Јанкулоска.
Министерката појасни дека во двата случаи се водела постапка и оти се завршени со пресуда.
- Во едната од нив лицето кое е споменато во прилогот е приведен од мобилната единица против него е водена кривична постапка и е осудено. Во друг паралелен случај водена е постапка против полициските службеници и завршена е со правосилна судска одлука, додаде Јанкулоска.