Конститутивна седница на седмиот состав на Собранието на Македонија

Скопје, 22 јуни 2011 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи првата конститутивна седница на новиот состав на Парламентот, на која ќе биде избран и новиот претседател на законодавниот дом.

Седницата ќе ја води најстариот пратеник Љубисав Иванов Ѕинго од Социјалистичката партија, кој учествувал во работата на сите парламентарни состави.

На дневен ред на седницата се избор на претседател и членови на верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и како четврта точка е изборот на претседател на Собранието.

За членови на верификациската комисија партиите ги предложија Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, која се очекува да биде претседател на Комисијата, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ, Хајрула Мисини од ДУИ и Зијадин Села од ДПА.

Ова е седми состав на Собранието од независноста на Република Македонија во 1991 година, и прв што ќе брои 123 пратеници.

Првпат во собраниските столчиња ќе седнат тројца пратеници од дијаспората откако македонските државјани во странство добија право глас, а дел од нив и го остварија на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Седуммина од оние што добија пратенички мандат со изјави до Државната изборна комисија (ДИК) се откажаа од нив поради градоначалничките функции. Се очекува верификационата комисија да го констатира тоа и до ДИК да испрати допис за извештај со новите имиња на пратениците. Откако ќе биде добиен овој допис, ќе бидат верификувани мандатите на пратениците од новиот состав на Парламентот, по што ќе се пристапи кон избор на членови на Комисијата за избори и именувања. Оваа комисија ќе го предложи кандидатот за претседател на Собранието.

Најмногу пратеници на вонредните парламентарни избори освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 56. Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доби 42 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 15, Демократска партија на Албанците (ДПА) - 8 и Националната демократска преродна (НДП) - двајца. Првпат во Собранието ќе седнат и двајца пратеници на НДП, чиј лидер е Руфи Османи, еден од оние на листата на градоначалници кои се откажаа од своите мандати.

Според досегашните најави, коалицијата предводена од СДСМ во Парламентот ќе има две пратенички групи, така што од новиот состав би можеле да произлезат пет пратенички групи.

Изборите што се одржаа на 5 јуни се втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори вакви избори во низа. Беа поднесени 18 кандидатски листи од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 53 партии. Од нив, 16 настапуваа самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ.

Изборите се спроведоа според пропорционалниот модел во шесте изборни едници на територијата на Македонија, а според мнозинскиот во трите изборни единици во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...