Милошоски се повлекува од функцијата министер за надворешни работи

Скопје, 30 јуни 2011 (МИА) - Антонио Милошоски нема да биде министер за надворешни работи во новата Влада што треба да ја состави мандатарот Никола Груевски. Причините да се откаже од фукцијата прв човек на македонската дипломатија, како што образложи на денешната прес-конференција во МНР, се лични и семејни.

Како што потенцираше Милошиски, неговата одлука не е политичка, туку човечка и родителска.

- Донесов лична, семејна одлука да не бидам дел од идната нова Влада на Република Македонија. Довербата постоеше, отворен беше патот да се продолжи заедно, но сепак некогаш прашање е на приоритети, дали семејството или личната кариера. Сметам дека во овој момент треба да му дадам приоритет на семејната обврска. Млад сум, ќе има прилики и за други политички предизвици, рече Милошоски.

Пред околу шест месеци за тие семејни причини, образложи, го информирал претседателот на Владата, но тој разговор го држеле во дискреција и го продолжиле по парламентарните избори, кога му била укажана полна доверба и разборање. На прес - конференцијата Милошоски најави дека како пратеник во Собранието најверојатно ќе претседава со парламентарната Комисија за надворешна политика.

Досега, потенцира тој, функцијата министер за надворешни работи ја извршувал со ентузијазам, целосна посветеност и со огромна чест што имал прилика да ги преставува и застапува националните интереси на Република Македонија. Во досегашна политичка кариера имал прилика да соработува со повеќе македонски политичари, но, истакна Милошоски, како никогаш досега, подолго, подобро и со поголема доверба немал прилика и чест да соработува како што соработува и ќе продолжи со претседателот на Владата Никола Груевски.

- Мое цврсто уверување е  дека во досегашната надворешна политика на Република Македонија немало подобар и поквалитетен момент на една усогласеност, заеднички и координиран настап помеѓу претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи, по сите прашања од национален приоритет, вклучувајќи ги и прашањата кои го опфаќаат грчко-македонскиот спор, појасни шефот на дипломатијата.

На новинарско прашање кој ќе биде негов наследник, рече дека се разгледуваат неколку опции, но оти не сака да шпекулира. Сепак, укажа дека ВМРО - ДПМНЕ има добри човечки потенцијали и е убеден дека има неколкумина добри и способни луѓе кои можат да бидат добри министри за надворешни работи. Според Милошоски, Груевски размислувал за две три опции, за кои, како што информира, бил консултиран и ги дал неговите добронамерни препораки. 

Одговарајќи на прашањето дали неговото повлекување ќе има влијание и врз македонско-грчките разговори за името, тој подвлече дека оваа Влада на многу високо ниво ги имала и ќе ги има поставено заслуженото членстово во НАТО и почнувањето преговори за членство во ЕУ, при тоа знаејќи дека единствената пречка на тој пат е грчко- македонскиот билатерален спор околу уставното име. Владата досега вложи многу труд и напори да го надмине овој проблем и нема тука да се застане, туку, рече Милошоски, ќе се продолжи и понатаму. 

- Како министер за надворешни работи кој стекна еден политички, но и дипломатски капитал поврзан со одредени дискретни прашања поврзани со македонско-грчкиот спор, свесен сум дека и понатаму треба да бидам на располагање на тој што ќе биде избран за наследни како министер за надворешни работи, дециден е Милошоски. Антонио Милошоски без прекин ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2006 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...