Не сум виновен и сакам куќен притвор

Скопје, 11  јули 2011 (МИА) - Првообвинетиот во случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски,  денеска во Кривичниот суд во Скопје ја даде својата одбрана, изјаснувајќи се за невин за сите дела за кои е обвинет и побара да му се одреди куќен притвор.

- Не сум виновен, наводите во обвинителниот акт се невистинити, ги отфрлам како такви, вака се произнесе првообвинетиот за случајот „Пајажина“ Велија Рамковски негирајќи го во целост обвинението според кое се товари за даночно затајување, перење пари и за злосторничко здружување.

Пред петчлениот Судски совет раководен од судијата Павлина Христова тој се изјасни дека не го разбрал обвинителниот акт и не знае за што е обвинет. Она што посебно го погодило Рамковски во обвинението е тврдењето дека како родител и брат организирал група која се занимавала со перење пари, даночно затајување негирајќи дека сторил такво нешто.

Како стопанственик со четириесетгодишен работен стаж Рамковски рече дека никогаш не барал да не се почитува законот, ниту пак имал намера да не плаќа или да избегнува плаќање данок или друга давачка кон државата.

Тој негираше  дека бил организатор на криминална група и дека давал налози за избегнување на плаќање данок, појаснувајќи дека станувало збор за деловни односи меѓу компании и дека сите трансакции на правните субјекти се правно засновани.

Рамковски посочи дека од никого од обвинетите не барал ниту пак поттикнал да извршат кривични дела.

Тој од Судскиот совет побара да му биде заменета мерката притвор со куќен притвор со што понуди гаранција од еден милион евра средства кои на неговата телевизија и се замрзнати од државата.

Покрај Велија Рамковски на обвинителна клупа се уште 22 лица управители на фирми од „Перо Наков“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...