Сто и осум години од Илинденското востание

Сто и осум години од Илинденското востание

Скопје, 2 август 2011 (МИА) - Двата историски Илиндена - 108 години од Илинденското востание и 67 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце.

На централното чествување во Крушево ќе присуствува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржува голем народен собир.

На народниот собир во кумановско Пелинце кај Меморијалниот центар АСНОМ ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Годинава нема да биде испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јуриздикција на Српската православна црква.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, во центарот на Скопје.

Во битолското село Трново ќе се одржува традиционалната 40. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците и Светскиот македонски конгрес.

Во Крушево денеска ќе стигнат и коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...