Одбиени измените на проектот „Космос“

Скопје, 9 август 2011 (МИА) - Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска соопшти дека општината ги одбила предложените измени на основниот проект за изградба на комплексот „Космос“.

Основна причина за одбивање на измените, нагласи, е тоа што има прекршувања на Законот за градење и измените поднесени кон крајот на јули годинава не се во согласност со Деталниот урбанистички план. 

- Општина Гази Баба денеска донесе решение со кое се одбива како неосновано барањето на инвеститорот за измени и дополни на основниот проект во текот на градбата, поради констатирано големи неправилности, меѓу кои се - проектираната површина на градбата излегува од градежната линија, во приземјето има предвидено паркиралишта кои се изведени со доста поголема површина од предвидената во проектниот архитектонско – урбанистички проект и ДУП-от, рече Трајковски.

На место на мезанинот, како што рече, направено е паркиралиште кое по архитектонско - урбанистичкиот проект не постои.

- Сообраќајното решение е комплетно променето - пристапи и внатрешни сообраќајници во однос на одобрениот ДУП и одобрението за градење. Влезот во приземјето е со висина од 2,5 метри, што е пониско од проектираното во Основниот проект и спротивно на законските регулативи, рече Трајковски.

Тој информираше дека во моментов не се знае по кој проект се водел инвеститорот Фијат Цаноски при градбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...