Рамковниот договор модел за етничките конфликти и во други региони

Скопје, 10 август 2011 (МИА) - Охридскиот рамковен договор ја придвижи Македонија напред кон полна демократија, граѓански права и признавање на културниот и етничкиот идентитет на луѓето во земјата. Јас сум многу задоволен поради спроведувањето на договорот. Постигнат е голем напредок. Беше тешко да се преговара, но беше многу потешко да се применува, а тоа е она што е важно.

Тоа е оценката на Џемс Пердју, поранешниот заменик-генерален секретар за операции во НАТО, кој во 2001-та година, како „олеснувач“ во преговорите меѓу македонската и албанската страна учествуваше во креирањето на Рамковниот договор, во интервју за Дojче веле по повод десетте години од потпишувањето на договорот.

Во врска со одделни критики кои се појавија во изминатите години во земјата за самата суштина на договорот, дека тој не само што не се спроведува, туку и оти не е добар инструмент за заштита на етничките права на Албанците и другите етнички заедници, Пердју со став дека основните начела на охридскиот документ – демократијата, еднаквите права на граѓаните и признавањето на културниот идентитет на различните граѓани во земјата – се реализирани во голема мера.

Според него, разочарувачки е тоа што Македонија се’ уште не е членка на НАТО и Европската унија, но се надева дека ќе се надмине спорот со Грција и оти земјата ќе му се приклучи на останатиот регион во евроатлантското членство.

За тоа во колкава мера е спроведен досега Рамковниот договор и оценките на еден од неговите потписници и поранешен премиер Љубчо Георгиевски, дека „договорот е реализиран речиси 90 проценти, а во некои поглавја е и надминат“, поранешниот олеснувач вели дека не би зборувал за проценти.

- Не знам дали 90 проценти е точно, не знам дали некои проценти се точни. Но, можеме да кажеме дека принципите на Рамковниот договор се усвоени – еднаквите права и признавањето на културите. Дали е тоа совршено? Не, не е совршено. Примената на Рамковниот договор беше голем проблем, во тој поглед тоа е некаде на средината. Но, сепак, Македонија добива добри оценки поради оживотворувањето на Рамковниот договор, истакнува Пердју.

Тој подвлекува дека Рамковниот договор претставува модел за надминување на етничките конфликти и во други кризни региони во светот. 

- Всушност, Рамковниот договор е веќе употребен не како обврзувачки документ, туку како модел, кој другите го користат во други подрачја. Мислам дека Марти Ахтисари го искористи Охридскиот договор за своите принципи за Косово. Сметам дека тој се аплицира веројатно и во други региони. Направена е навистина добра работа во признавањето на правата и привилегиите на малцинствата, оценува Пердју.

Рамковниот договор е завршен, вели тој, запрашан за коментар за ставови на некои лидери на релевантни албански политички партии и политичари во земјата дека договорот треба да се прошири со нов корпус на албански етнички барања.

- Всушност, Охридскиот договор е завршен и сега им преостанува на Македонците да работат на прашањата, кои се надвор од него. Кога велам „завршен“, мислам дека нема да биде отворен за повторни расправи и дека тоа прашање е во рацете на Македонците и на етничките Албанци, за да биде решено, дециден е Џејмс Пердју, еден од олеснувачите во постигнувањето на Рамковниот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...