Конференцијата посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор во Охрид

Охрид, 12 август 2011 (МИА) – Историјата нé научи дека е неопходно прво да се постигне мир, за да се овозможи развој на демократијата. Токму тоа го постигна Охридскиот рамковен договор. Демократијата и мултиетничноста имаат едно заедничко својство: секогаш е подобро да извираат од внатре, од самото општество, за да бидат вистински ефикасни. Притоа, демократијата во едно милтиетничко општество е можна доколку политичките лидери настојуваат да донесуваат одлуки што водат кон поврзување, а не кон судири, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето пред учесниците на Конференција по повод 10-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор што се одржува во Охрид.

Иванов посочи дека Охридскиот рамковен договор беше основа за измени во Уставот, легислативата, децентрализацијата на моќта, правичната застапеност во државната администрација, обезбедувањето образование на мајчин јазик, употребата на јазиците, изразувањето на идентитетот.

- Оттогаш достигнавме едно ниво на поголемо разбирање, почитување и толеранција за разликите. Во изминатите години, исполнувајќи го сето она што произлезе од Рамковниот договор ги исполнивме и критериумите за членство во НАТО и подготвени сме за отпочнување на преговорите со Европската унија. Но, во процесот на тоа евро-атлантско приближување станавме носители на уште една вредност – модел кој се стреми да интегрира, а не да асимилира, рече претседателот Иванов.

Тој притоа нагласи дека македонскиот модел има двојна улога – се јавува како инструмент со кој се обезбедува довербата на граѓаните во државата и нејзините институции, нејзините симболи, но и како основа за градење и развивање на меѓуетничката доверба.

- Тоа е нашиот пат во градењето функционален мултиетнички соживот. Нашите напори во иднина треба да ги насочиме кон тоа да им овозможиме на граѓаните економски напредок, квалитетно интегративно образование кое ќе продуцира успешни и амбициозни млади кадри, но и развој на граѓанската свест и совест. Односно, од мултиетничка политика да преминеме во мултиетничка економија, порача претседателот притоа нагласувајќи ја потребата од прецизно толкување на Охридскиот рамковен договор, кој е и дел од Уставот на Република Македонија.

- Тоа толкување мора да ја изразува изворноста на намерите и договореното пред десет години. Потребно е секогаш да ја имаме предвид унитарноста и кохезивноста на државата. Потребно е да внимаваме на правата на граѓаните и на фактот дека ниту едно колективно право не смее да ги загрози индивидуалните права, рече Иванов.

Во врска со обидите за политичка злоупотреба на Охридскиот договор, нашето име и нашата европска иднина, според Иванов најважното е што на патот кон европските и евроатлантските интеграции, македонските граѓани покажаа висока демократска зрелост и не дозволија да бидат манипулирани, а што се однесува до манипулаторите се виде дека тие лошо поминуваат на изборите.

- Во таа смисла, особено е важно тоа што спроведувањето на обврските кои произлегоа од Охридскиот рамковен договор беше клучна задача на нашиот европски и евроатлантски пат. Сега, кога тие обврски се исполнети, граѓаните на Република Македонија со право очекуваат вреднување на спроведеното. Но, наместо Македонија да биде наградена, се повеќе се чини дека е казнета, забележа претседателот Иванов, притоа нагласувајќи дека вистината кога тогаш излегува на виделина, а историјата е таа што ќе суди.

- Различни интерпретации, изјави и сведоштва ќе продолжат и во иднина. Врз основа на нив аналитичарите, историчарите ќе ги носат своите судови и ќе ја градат претставата за тоа што навистина ни се случило во 2001 година. Што навистина беше причина, а што последица. Веројатно вакви теми ќе се отворат и на конференцијава, за да не ни се оствари Хегеловата мудрост дека единствена работа која ја учиме од историјата е дека ништо не сме научиле од историјата, порача тој.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери пред учесниците нагласи дека Рамковниот договор ги постави темелите за подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија.

- Со него се кажани „не“ на дискриминацијата, на употребата на сила и на етничките поделби, а „да“ за етничкиот соживот и разликите меѓу етничките заедници. Тој имаше голема поддршка од меѓународната заедница, која го поддржа неговото потпишување и имплементација. Присуството на нејзните претставници тука во Охрид ја потврдува нивната безрезервна поддршка на договорот, рече Џафери.

Притоа, тој посочи дека од 2001 година Рамковниот договор се спроведува со одредена динамика, во сите општествени сектори, со цел изградба на ново општество и модел на нова мултиетничка држава, со што во целост се елиминираат причините за конфликтот.

- Охридскиот договор е повеќе од спогодба, тој е процес меѓу заедниците што се уште трае. Кога меѓу двете страни имаше луѓе кои сметаа дека ќе пропадне, ние правевме чекор по чекор и може да кажеме дека ниту еден од тие чекори не беше лесен, а сите мали и голеи чекори беа инвестиција во нашата иднина и иднината на нашата земја, додаде Џафери.

Осврнувајќи се на досега реализираното согласно Договорот, тој укажа на бројните спроведени реформи за демократизација, децентрализација и почитување на културата и различностите на етничките заедници, правилна застапеност во институциите, законски промени за еднаков пристап до институциите во системот.

- Најголем предзивик беше Законот за територијална поделба, но политичките лидери и граѓаните покажаа демократски капацитет и го спроведоа тој закон. Се донесе Закон за знамиња, за јазик, се формира Комитет за односи помеѓу заедниците кој има главна одлука за носење големи одлуки и се бори против мајоризација во општеството. Неговата вредност е учество на помалите етнички заедници кои тука ги регулираат своите национални прашања, идентитет и култура. Беше реализирано ветувањето за доближување на општините до граѓаните, а граѓаните кои се над 20 проценти можат да го употребуваат својот јазик како официјален, додаде Џафери.

Пред учесниците на Конферецнијата во Охрид свои излагања имаат Филип Рикер, заменик државен потсекретар на САД, Џејмс Пердју, олеснувач на Охридскиот договор и Ален Ле Роа, генерален потсекретар за мировни операции при ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...