Скратена настава во наредните три дена

Скопје, 12 септември 2011 (МИА) - Училиштата во Македонија во наредните три дена (13, 14 и 15 септември) ќе имаат настава со скратен временски период, согласно препораките на Комисијата за превенирање на последиците од топлотни бранови при Министерството за здравство. Се препорачува наставата да се одвива до 12 часот со што би се избегнале последиците од топлотниот бран.

Овие препораки денеска ги презентираа министрите за образование и наука и за здравство, Панче Кралев и Никола Тодоров.

- Во наредните три дена ќе има опасност за жолта тревога и затоа препорачуваме до Министерството за образование и наука да преземат мерки за различен режим на функционирање на училиштата. Има тенденција за зголемување на температурите. Пикот ќе биде во среда и четврток за кога се прогнозираат 37 степени во Скопје, истакна Тодоров.

Согласно препораките, рече министерот за образование и наука Панче Кралев, добивме насоки да се преземат мерки со кои ќе се заштити движењето на учениците и студентите до 12 часот.

- Тоа се исти мерки кои ги воведовме минатиот пат. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и доколку се утврди дека температурите не се намалуваат ќе бидат преземени дополнителни мерки или ќе се продолжат истите, посочи Кралев.

Директорите во соработка со родителите на учениците, истакна Кралев, треба да преземат соодветни мерки учениците да не се наоѓаат во училишната установа по 12 часот.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Тодоров рече дека болничките установи ќе работат со несмален интензитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...