Реакција на ЗНМ за скандалот во Брисел

Скопје, 21 септември 2011 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија во пишана реакција го осуди однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимакакис, кој вчера во Брисел на дебата за состојбата на медиумите во Македонија организирана во Европскиот парламент навреди македонски новинари со погрдни зборови и се огради од однесувањето на македонските претставници.

- Сметаме дека европратеникот Шацимаркакис треба да се однесува со почит кон македонските новинари како што се однесува кон секој европски новинар. Исто така, ЗНМ потенцира дека и македонските новинари треба да се однесуваат согласно етичките стандарди на  Кодексот на новинарите, стои во реакцијата.

Наместо дебата за подобрувањето на состојбите, според Здружението, две групи новинари се обиделе да ја дисквалификуваат работата и активностите на ЗНМ, водени од како што се посочува, лични и други интереси спротивни на интересите на новинарите во Македонија и да претстави во јавноста погрешна слика.

Според ЗНМ, проблемите на медиумите и новинарите се решаваат во Македонија, а меѓународните институции можат да го помогнат процесот.

- Најдобар начин да се решат проблемите е да продолжи започнатиот дијалог меѓу ЗНМ и другите професионални здруженија со државните институции, се вели во реакцијата на Здружение на новинарите на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...