Охриѓанка убиена на Флорида

Охрид, 27 септември 2011 (МИА) – Македонска државјанка го загубила животот во инцидент што во неделата вечерта се случил во градот Клирвотер во американската сојузна држава Флорида.

Зорана Лебедиќ (35), дипломиран фармацевт од Охрид била застрелана додека се возела на велосипед, на крстосницата меѓу улицата „Палмето“ и „Ферборн“ авенијата во Клирвотер.

Службата за итна медицинска помош при противпожарната единица на Клирвотер реагирале на повикот за помош, некаде околу 11 часот вечерта на 25 септември. Притоа застреланата Mакедонка итно била пренесена во Мортон плант болницата, каде само била констатирана нејзината смрт. Се уште не е познато дали Лебедиќ била цел на вооружен напад или се работи за несреќен случај односно за заскитан куршум, за што се чека официјалното полициско соопштение и резултатите од обдукцијата на телото на загинатата.

Зорана заедно со нејзиниот сопруг Климент Наумоски исто така по потекло од Охрид живееле во Скопје. Таа престојувала во Флорида како турист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...