Нема дилеми - пописот ќе се одржи од 1 до 15 октомври

Скопје, 29 септември 2011 (МИА) - Претседателката на Државната пописна комисија Весна Јаневска денеска за МИА изјави дека пописот на населението, домаќинствата и становите ќе почне навреме на 1 октомври во 8 часот. 

- Попис ќе има. Пописот почнува задутре. Ние имаме Закон за попис. Работиме напорно од декември минатата година. Обуките се во тек, луѓето се подготвуваат и нема дилеми дали ќе има или не попис. Се тече многу забрзано со многу труд, со многу работа. Со многу потешкотии ние стигнавме до крајот и мислам дека од задутре се ќе биде во ред, рече Јаневска.

Во врска со информациите за различни толкувања на Законот за попис и барањето да се попишуваат и државјани на Македонија што живеат во други земји, а влегле еднаш во земјата во текот на една година, Јаневска признава дека има различни мислења, но тврди дека пописот ќе се спроведува согласно Законот.

- Има различни мислења. Но, попишувачите и сите други учесници во пописот ќе работат по Законот, рече претседателката на ДПК.

Обуките на околу 16.500 попишувачи се уште се во тек и треба да завршат денеска, но ако е потребно ќе продолжат и утре, а по потреба и по отпочнувањето на пописот. 

Пописот на населението и домаќинствата во Македонија ќе се одржи од 1 до 15 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...