Грчкиот став е неразбирлив и неправеден

Скопје, 29 септември 2011 (МИА) - Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Грчкиот став за нас е неразбирлив и неправеден. Ние немаме разбирање за никаква додавка како горна, долна северна. Живееме во глобален свет во кој треба да преовладува мирот и разбирањето, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

Ердоган побара Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и ЕУ и најави оти Турција засилено ќе продолжи да ја поддржува во процесот на нејзинaта евро и евроатлантска интеграција.

Во однос на напорите за зачленување во Европската унија, турскиот премиер прогнозираше дека Македонија е земја која брзо напредува, стабилна и просперитетна, која ги спроведува своите обврски на сериозен начин, и затоа ќе стане дел од ЕУ побрзо и од Турција.

Двајцата премиери истакнаа дека Македонија и Турција немаат отворени политички прашања, ќе ја засилат веќе тесната билатерална соработка и ќе ја интензивираат трговско-економската соработка и размена.

Македонскиот премиер Груевски, подвлече дека уште еднаш ги констатирале одличните односи, а најдобар доказ за пријателството, посочи, е Договорот за стратешко партнерство потпишан со Турција.

Тој изрази благодарност кон Турција за принципиелната поддршка што ја дава за приклучувањето на Македонија кон НАТО и за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси за заштита на идентитетот и уставното име на Република Македонија.

Премиерот Ердоган подвлекувајќи оти оваа посета ќе даде нов импулс на пријателските односи, нагласи дека двете земји имаат заедничка историја и култура, која се препознава и меѓучовечки врски на пријателство. Истакна и дека лично ќе се залага за зголемување на турските инвестиции во Македонија.

Груевски и Ердоган укажале на можноста за интензивирање на економската соработка и на трговската размена, која се очекува оваа година да биде околу 400 милиони американски долари.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија, денеска ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Во рамките на официјалната посета, сопругите на премиерите Боркица Груевска и Емине Ердоган се очекува денеска да ја посетат Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...