Пописот почнува утре во 8 часот

 Скопје, 30 септември 2011 (МИА) - Подготвени сме да го почнеме пописот, изјави денеска претседателката на Државниот завод за статистика Благица Новковска.

- Јас кажувам дека ако мојата одлука е да ги испратам со мојот потпис сите лица на терен значи сметам дека сме подготвени да го почнеме пописот. За мене во таа насока не би требало да има импликации, изјави денеска Новковска, одговарајќи на новинарско прашање за последните проблеми поврзани со пописот.

Директорката на ДЗС посочи дека денеска се делат материјалите на сите државни инструктори кои ги затекнавме во Заводот.

- Претходните два дена тие беа на терен, а од попладнево ќе бидат во пописните реони каде што се распоредени. До крајот на денот треба да се завршат неколку важни активности, а тоа е поделбата на пописните материјали на учесниците. Утре во 8 часот почнува пописот 2011, рече Новковска.

Таа тврди дека попишувачите се подготвени и информираше дека утрово бил објавен конечниот список на учесници во пописот.

- Тие се информирани. Одговорно ви кажувам дека ДЗС, зборувам за неговите обврски, ги има исполнето. Дел од нашите обврски се откако ДПК ќе го направи изборот ние да обезбедиме обуки во она време што тие ќе го дадат, изјави Новковска.

Запрашана како ќе се изведува пописот и кој се ќе се попишува, директорката е децидна дека ДЗС ќе постапува согласно Законот за попис.

- Законот е многу прецизен, кои лица ќе се попишат кои нема. Многу добро е дефинирано согласно препораките, рече Новковска.

Во Македонија денеска пристигнува дел од набљудувачката мисија од Еуростат, а за утре веќе е закажана првата прес-конференција на директорката на Заводот и на официјален претставник на Еуростат кој ќе го следи пописот во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...