Почнува пописот на населениото, домаќинствата и становите 2011

Скопје, 1 октомври 2011 (МИА) - Од денеска до 15 октомври во Македонија ќе се спроведе најголемото статистичко истражување - пописот на населението, домаќинствата и становите.

Пописот почна во 8 часот изутрината. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите од податоци на корисниците во државата и во странство.

Според Законот за попис, треба да бидат попишани сите лица што живеат во Република Македонија, граѓаните кои живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние кои имаат престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на Република Македонија.

Попишувањето ќе го вршат по двајца попишувачи што ќе поставуваат прашања во согласност со пописната методологија и одговорите на граѓаните ќе ги запишуваат во печатени пописни обрасци. За секое лице попишувачите ќе пополнат Пописница (Образец П-1), а за секое домаќинство и стан Прашалник за домаќинства и стан (образец П-2). Попишувањето се врши исклучиво со сино пенкало.

Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањата каде живеат, кога и каде се родени, за образованието и нивната работа..., за тоа колку членови има домаќинството, дали се сите членови на домаќинството присутни..., во каков стан или куќа живеат, колкав е станот, дали има помошни простории..., за општата здравствена состојба итн.

Личните податоци што ќе се приберат со пописот се строго доверливи. Тие не може да се користат за донесување на какви било одлуки во однос на лицето за кое се однесуваат. Податоците ќе се обработат и ќе се користат само како збирни податоци.

На граѓаните им се препорачува кога попишувачите ќе дојдат во нивниот дом најнапред да побараат тие да се идентификуваат, односно да покажат легитимација и овластување за попишувач со нивните лични карти. Граѓаните треба да ги презентираат потребните документи за попишување, да одговорат точно на сите прашања содржани во обрасците и откако ќе заврши попишувањето да проверат дали одговорите што ги дале се точно запишани во пополнетите обрасци и потоа да се потпишат на пописницата.

Доколку граѓаните не можат да ги примат попишувачите или не се во домот кога тие ќе ги побараат, граѓаните се должни или да договорат нова средба со попишувачите или да одат во најблиската Комисија на пописниот реон.

Граѓаните при попишувањето треба да приложат оригинални документи и тоа лична карта или пасош, извод од матичната книга на родените, дозвола за привремен и за постојан престој на странец, решение за признаен статус на бегалец и/или важечка лична карта, решение за признаено право на азил заради субсидијарна заштита и/или важечка лична карта или потврда дека лицето има поднесено барање за признавање на правото на азил и/или идентификациска исправа за азил.

Лицата што имаат вообичаено место на живеење во Македонија, а не ги поседуваат предвидените документи треба да презентираат извод од матичната книга на родените или здравствена легитимација, договор за работа евидентиран при надлежен орган или картон за пријавување во Агенцијата за вработување, чек за исплатена пензија на адресата на живеење или други документи.

Пописот во Македонија ќе го набљудуваат и претставници на ЕУРОСТАТ, кои треба да направат експертска анализа дали дали е спроведен во согласност со меѓународните препораки за спроведување попис посочени од страна на УНЕЦЕ/Еуростат и прифатени од страна на Конференцијата на европските статистичари како принципи и препораки за пописот на населението и домаќинствата 2010.

Прес-конференција по повод почнувањето на теренските активности од пописот на населението, домаќинства и станови во Република Македонија денеска ќе одржи директорката на Државниот завод за статистика Благица Новковска и директорот на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори во ЕУРОСТАТ Питер Евераерс.

Првите податоци од пописот, според најавите, треба да бидат објавени во декември оваа година.

Пописот 2011 ќе се спроведе и покрај проблемите што настанаа во изминатите недели.

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го комплетираше составот на Државната пописна комисија, откако ги констатираше оставките на членовите на Комисијата Абдулменаф Беџети, Весна Јаневска, Марија Ташева, Ванчо Ангеловски и Фаузи Скендери.

Воедно, како што соопшти владината прес-служба, Владата ги именуваше Бујар Османи, Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби за нови членови на Државната пописна комисија. Нов претседател на Државната пописна комисија ќе биде Слободанка Гиевска, додека Бујар Османи ќе ја извршува функцијата потпретседател.

Претходно на прес-конференција претседателката на ДПК Весна Јаневска соопшти дека поднела неотповиклива оставка на функцијата, бидејќи, според неа, се подготвува фалсификат на претстојниот попис. Со колегите од ДПК од албанскиот и од турскиот етникум тие, според неа, се судриле на суштински прашања дали на овој попис може да се употребува фотокопија од лична карта или пасош, што е, како што рече Јаневска, апсолутно спротивно на законот и на методологијата на ЕУРОСТАТ. Второто прашање се однесува на пописот на граѓани или државјани на Република Македонија, кои повеќе од 12 месеци се отсутни од земјава. Таа ги повика попишувачите да попишуваат според Законот за попис, бидејќи за секое прекршување следуваат законски казни.

Директорката на Државниот завод за статистика Благица Новковска, за медиумите вчера изјави дека тие се подготвени да го почнат пописот.

Попис на населението денеска започнува и во Албанија, Србија и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...