Локализиран пожарот на скопскиот театар во изградба

Скопје, 4 октомври 2011 (МИА) - Пожарникарите го локализираа пожарот што попладнево избувна на покривната конструкција на скопскиот театар во изградба крај Вардар. 

Екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје кои интервенираа со десет возила, се очекува наскоро целосно да го изгасат пожарот.

Нема повредени меѓу работниците кои биле ангажирани на изградбата на театарот. На местото дојдоа и премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот, но не се исклучува можноста да настанал при извршување заварувачки работи.

Борјанка Серафимовиќ, стручен надзор на изградбата на театарот, изјави дека огнот е изгаснат, но оти поради спецификата на материјалот се уште има чад околу објектот.

- Истрагата за причините за пожарот е во тек. Знаеме дека избувнал на дрвната потконструкција која се наоѓа над мултимедијалната сала, врз која има и бетонска плоча. Затоа, материјалната штета ќе биде незначителна. Објектот е целосно осигуран и штетата ќе биде целосно надополнета,  вели Серафимовиќ.

Изведувач на објектот е „Бетон - Штип“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...