Пописот се одвива според очекуваниот тек

Скопје, 6 октомври 2011 (МИА) - Пописниот процес се одвива со очекуван тек во првите пет дена, информира денеска на прес-конференција претседателката на Државната пописна комисија Слободанка Гиевска, апелирајќи до сите учесници во пописот да го почитуваат законот.

- Во оваа операција нема друга алтернатива освен законската, изјави Гиевска, посочувајќи дека не е дозволено граѓаните да се легитимираат при попишување со фотокопии од документи, оти се попишуваат само лица кои имаат вообичаено место на живеење во Македонија 12 месеци пред денот на почнувањето на пописот и дека податоци за отсутно лице, како што нагласи, може да даде само полнолетен член на потесното семејство. - Под семејство се подразбира брачен пар без деца или пар со едно или повеќе деца или сам родител со едно или повеќе деца. Доколку едно лице е отсутно само овие лица може да го попишат со оригинал документи, изјави Гиевска.    

Претседателката на ДПК рече дека во овој момент нема индиции за продолжување на пописот по 15 октомври и оти Комисијата воопшто не дискутирала на оваа тема.

- За ова прашање немаме дискутирано и ќе чекаме согласно препораките на експертите, меѓу кои и претставниците на Државниот завод за статистика, да дојде, како што тие го нарекуваат, критичниот ден во којшто тие ќе можат да утврдат дали темпото на попис е соодветно од аспект на тоа дали може да се заврши во законски предвидениот рок или не е соодветно и ќе има потреба за продолжување. Тогаш ќе дискутираме, изјави претседателката на ДПК.   

Гиевска предупреди дека постојат механизми и начини преку кои може да се откријат евентуалните аномалии во пописниот материјал и оти сите оние што ќе бидат откриени дека направиле неправилности, според Законот за попис ќе бидат санкционирани.

- Сакам да апелирам секој да се држи до методологијата и до законот се со цел да добиеме вистинска за сите аспекти што ги покрива пописот, вели Гиевска. Информираше дека до моментот кога ја држеше прес-конференцијата до неа нема стигнато барање за покренување на некаква постапка за неправилности во пописот бидејќи, според неа, се уште ДЗС ги собира првичните информации за овие прашања. 

Техничките проблеми со кои на почетокот на пописот, според претседателката на ДПК, се во најголем дел надминати. - ДПК над 90 проценти го исполни бројот во оваа операција што можеби не е истата бројка што можеме да се соочиме на теренот од аспект на тоа дека одреден процент на учесници во процесот од оправдани или неоправдани причини не се вклучија во неговата реализација, рече таа. Во последните неколку денови се работело напорно овие лица да се заменат со други.

Во врска со наводите дека потпретседателот на ДПК Бујар Османи давал комплетно различни изјави во јавноста, Гиевска рече дека не е потребно Комисијата да има став во врска со некои прашања бидејќи постои методологија по која се спроведува пописот. - Можеме да кажеме дека законот ова или она, но методологијата согласно Законот ги прецизира прашањата, вели таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...