ЕК утре ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија

Скопје, 10 октомври 2011 (МИА) - Повторување на препораката за почеток на преговорите за прием во ЕУ и нотирање на постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок очекува Република Македонија од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата што треба да биде претставен в среда во седиштето на Унијата во Брисел.

Според вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, претстојниот Извештај ќе биде сличен на минатогодишниот и ќе претставува објективна слика за реалноста во земјата. Таа подвлече оти битно е документот да го прифатиме добронамерно и конструктивно.

- Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна, навести Арифи.

Според неа, позитивни оцени треба да добиеме за успешно спроведените вонредни парламентарни избори, за работата на Парламентот, во делот на политичките критериуми, односно дека земјата ги исполнува Копенхашките критериуми, како и за хармонизацијата на законодавството со правото на ЕУ. Забелешки се очекуваат во делот на реформите во судството и администрацијата, каде ќе ни се укаже за потребата од забрзување на реформските процеси, како и имплементација на донесените закони. Во однос на медиумите ќе биде поздравен воспоставениот дијалог меѓу Владата и ЗНМ, кој понатаму треба да продолжи преку работната група од владини претставници и од ЗНМ. Во овој сегмент ќе биде препорачано задолжителна обука на судии кои работат на случаи на клевета и навреда и изготвување на информација од Министерството за правда за европските практики декриминализацијата на овие две дела.

Сепак, посочи Арифи, деблокирањето на процесот на евроинтеграции зависи од решавање на спорот за името.

Фер, извештај базиран на факти, кој ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци, навести и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Но, вели, политичка реалност е оти решавањето на прашањето за името во многу ќе помогне за почеток на пристапните преговори, и оти „верува дека дијалогот меѓу Скопје и Атина го достигнал моментумот што не треба да се пропушти“.

Францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже деновиве изјави дека во претстојниот извештај на ЕК за Македонија ќе има и попозитивни точки и помалку позитивни точки, и оти ќе придонесе за подобрување во однос на европската иднина на земјата. За проблемот со името со Грција, истакна дека не претставува правна пречка за почнување преговори, но е политичка пречка, која треба да се надмине за да се продолжи натаму.

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство на 12 октомври во Брисел ќе ги презентира еврокомесарот за проширување Штефан Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...