Македонија очекува преговори и реален извештај од ЕК

Скопје, 12 октомври 2011 (МИА) - Повторување на препораката за почеток на преговорите за прием во ЕУ и нотирање на постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок, очекува Република Македонија од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата што треба да биде претставен денеска во седиштето на Унијата во Брисел.

Фер извештај базиран на факти, кој ќе го рефлектира напредокот во земјата во последните 12 месеци, навести  еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Сепак, вели, политичка реалност е оти решавањето на прашањето за името во многу ќе помогне за почеток на пристапните преговори.

Според вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, Извештајот ќе биде сличен на минатогодишниот и ќе претставува објективна слика за реалноста во земјата. Таа подвлече оти битно е документот да го прифатиме добронамерно и конструктивно.

- Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна, навести Арифи.

Позитивни оцени, додаде таа, треба да добиеме за успешно спроведените вонредни парламентарни избори, за работата на Парламентот, во делот на политичките критериуми, односно дека земјата ги исполнува Копенхашките критериуми, како и за хармонизацијата на законодавството со правото на ЕУ. Забелешки се очекуваат во делот на реформите во судството и администрацијата, каде ќе ни се укаже за потребата од забрзување на реформските процеси, како и имплементација на донесените закони. Во однос на медиумите ќе биде поздравен воспоставениот дијалог меѓу Владата и ЗНМ, кој понатаму треба да продолжи преку работната група од владини претставници и од ЗНМ. Во овој сегмент ќе биде препорачано задолжителна обука на судии кои работат на случаи на клевета и навреда и изготвување на информација од Министерството за правда за европските практики декриминализацијата на овие две дела. 

Сепак, посочи Арифи, деблокирањето на процесот на евроинтеграции зависи од решавање на спорот за името.

Францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже деновиве изјави дека во претстојниот извештај на ЕК за Македонија ќе има и попозитивни точки и помалку позитивни точки, и оти ќе придонесе за подобрување во однос на европската иднина на земјата. Спорот за името со Грција, истакна, дека не е правна пречка за почнување преговори, но е политичка пречка, која треба да се надмине за да се продолжи натаму.

Пакетот документи со стратегијата за проширување, заедно со извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ и аспиранти за членство денеска во Брисел ќе ги презентира еврокомесарот за проширување Филе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...