Пратениците ќе расправаат за прекинувањето на пописот

Скопје, 13 октомври 2011 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот треба да ја почне дванаесеттата седница со единствена точка на дневниот ред Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.

Владата синоќа го достави Предлог - законот до пратениците по одржаната седница на која расправаше за пописот и го утврди текстот на законот.

Со законот, чиј предлагач е Владата на Република Македонија, се предлага престанување на важноста на Законот за попис, со што и официјално пописот е прекинат. Нема информација дали и кога повторно би се одржал попис во земјата. 

Според членот 3 од предложениот Закон, пописниот материјал собран за време на спроведувањето на пописот Државниот завод за статистика ќе го уништи согласно на прописите за класифицирани информации, а направените трошоци во врска со спроведувањето во сила на Законот за попис ќе се исплатат од Државниот завод за статистика, кој, пак, во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој закон треба да поднесе извештај до Владата.

Во оценката на состојбите и причините за донесување на овој закон, Владата наведува дека имајќи предвид дека со почнувањето на примената на Законот за попис се појавија недоследности и недоречености во примената од одредби од законот како резултат на недоволен временски период за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата, а посебно на реонските инструктори и попишувачи. Владата потсетува на роковите и на целта квалитетно спроведување на планираниот попис образложувајќи ја потребата од донесување на Закон за престанок на важење на Законот за попис.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.

Пописот во Македонија требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложен поради изборите и презакажан за терминот од 1 до 15 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...