Продолжува собраниската расправа за законот за прекинување на пописот

Собранието на Република Мкаедонија денеска ќе ја продолжи расправата по предложениот закон за прекинување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година.

Во текот на досегашните две седници, пратениците од опозицијата бараа одговор кој е виновен за предвремениот прекин на пописот и како ќе се надомести штетата од потрошените средства.

Гордан Георгиев од СДСМ во текот на синоќешната расправа праша зошто пописот не бил прекинат кога поранешната претседателка на комисијата Весна Јаневска кажала дека процесот ќе биде фалсификат.

Пратениците од опозицијата сметаат дека земјата доживеала срам поради тоа што пописот не се спровел во целост и државата не можела да си го преброи населението. Според нив, мора да се најде виновникот за предвремениот прекин на пописот и да се понесе политичка одговорност, иако, како што велат, имало доволно време за да се спроведат сите подготовки за почеток на процесот навреме.

- Ние треба да создадеме услови за сите, без разлика на етничката припадност, да имаат добар живот и шанса еднакво да се искажат, онака како се чувствуваат и во тој случај ќе кажеме дека добро сме ја завршиле работата, рече пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ, за пописот подеднакво се одговорни власта и опозицијата и сите релевантни вклучени страни. - Сметам дека одговорноста е на сите и се надевам дека по одлуката за запирање на пописот ќе собереме доволно искуства кои ќе овозможат следниот попис да помине во ред, додаде Спасеновски.

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа истакна дека за пописот има различни мислења и смета дека доколку процесот завршел регуларно од опозицијата ќе велеле дека имало нерегуларности и пописот треба да се прекине.

- Гарантирам дека ако пописот се завршеше до крај, опозицијата ќе беше прва која ќе речеше дека требаше да се прекине. Свесни сме дека во изминатите 10 дена од 16.000, неколку илјади попишувачи на поинаков начин ја интерпретирале методологија на она што се смета за резидентно население. Значи, имаме различни ставови во врска со толкувањето на методологијата на попис, рече Ѓорчев.

Потенцираше дека во процесот на попис треба да се спроведат критериумите на „Еуростат“ и Обединетите нации.

- ВМРО-ДПМНЕ кажа дека сака реален попис и вистински бројки. Најголема меѓуетничка тензија ќе се создадеше додека имавме резултати и методологија оспорени од сите, додаде Ѓорчев.

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис.

Пописот во Македонија требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложен поради изборите и презакажан за терминот од 1 до 15 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...