Емирот на Катар пристигна во Скопје

Скопје, 17 октомври 2011 (МИА) - Во дводневна официјална посета на Република Македонија денеска пристигна емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани.

Емирот на Катар со високи државни и воени почести беше пречекан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје од својот домаќин македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Шефот на македонската држава и емирот на Катар попладнево во вилата „Водно“ одржуваат тет-а-тет средба, на која, како што беше најавено ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу двете држави и разменети мислења за ситуациите во регионот, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Балканот.

Акцент ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство.

Катарската делегација што допатува во Македонија брои 100 лица, меѓу кои двајца членови од потесното кралско семејство и 12 министри. Во придружната делегација има голем број претставници на медиумите.

Во рамки на посетата на емирот на Катар ќе бидат потпишани неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, како и од економската сфера.

Иванов ќе го одликува неговото височество Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани, со орден „8-ми Септември“ за заедничките заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите и соработката со Република Македонија на тој план, како и за особениот придонес и посветеност кон развојот и унапредувањето на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.

Катар во 2003 година финансиски и политички го поддржа одржувањето на Самитот на шефови на држави од ЈИЕ на тема „Дијалог меѓу цивилизации“, чиј иницијатор беше починатиот македонски претседател Борис Трајковски. Во 2013 година на десетгодишнината на Самитот Македонија повторно ќе биде домаќин на овој форум.

Според агендата, емирот на Катар утре, на вториот ден од посетата, ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по што е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија. Својата европска турнеја емирот на Катар ја почнува од Македонија, по што следат посетите на Албанија, Полска и Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...