Eмирот од Катар одликуван со орден 8-ми Септември

Скопје, 17 октомври 2011 (МИА) -  Mојата земја високо ги цени и вреднува напорите кои државата Катар под ваше мудро и визионерско водство ги прави во насока на мирот, толеранцијата, соработката и дијалогот во светот како индивидуално, така и во рамките на Алијансата за цивилизации на ОН. Сакам да знаете дека Република Македонија ве поддржува во тие споделени визии.

Тоа го истакна претседателот Ѓорѓе Иванов, доделувајќи му орден 8-ми Септември на емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани кој на покана на шефот на државата од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Иванов посочи дека поддршката кон Катар македонската држава најдобро ја покажува со успешно следење на примерот преку организирање самити и меѓународни конференции  посветени на негувањето и афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите.

Заблагодарувајќи се за значајната поддршка на Самитот посветен на дијалогот меѓу цивилизациите одржан во Охрид 2003 година  под раководство на неговиот претходник претседателот Борис Трајковски, Иванов нагласи оти почнатото тогаш се продолжува денеска, преку заедничко промовирање на мирот во светот.

- Уверен сум дека со наши заеднички напори ќе и дадеме нов импулс и на соработката меѓу нашите две пријателски држави, како и дека нашето пријателство втемелено врз заедничките визии ќе продолжи да се развива и унапредува. Со тоа уверување имам особена чест и задоволство да ви го доделам орденот 8-ми Септември како знак на нашата симболична, но искрено признание за сето она што го правите на овој план, наведе Иванов.

Претходно, на средбата меѓу претседателот Иванов и емирот во претседателската „Вила Водно“ беше изразено задоволство од блиските билатерални односи меѓу двете држави и беа разгледани можности за натамошно интензивирање на соработката во повеќе сфери.

Македонскиот претседател и емирот на Катар ја искористија можноста за размена на мислења за состојбите во регионите на Југоисточна Европа и на Блискиот Исток. Емирот за наредниот период најави отворање на амбасада на Државата Катар во Република Македонија, чин за кој беше оценето дека многу позитивно ќе се одрази на развојот на билатералната соработка.

Двајцата соговорници заклучија дека со денеска потпишаните билатерални договори, сериозно унапредената правна рамка меѓу државите ќе отвори нови перспективи за интензивирање на соработката, особено на економски план, како и на планот на образованието, културата, и во сите останати сфери.

На средбата на која присуствуваа и неколкумина македонски министри беа разгледани можностите за привлекување на катарските инвестиции во Република Македонија. На емирот му беа презентирани поволностите кои ги нуди Македонија за странските инвеститори. Особено беа разгледани секторите енергетика, финансискиот сектор, туризмот, производството на храна и на вода. Беа разгледувани и можностите за вклучување на градежната оператива на земјата во претстојните крупни проекти планирани во Државата Катар.

На средбата беше договорено по посетата, тимови на владино ниво да ги разгледаат постојните проекти, а катарската страна најави дека освен постојните, сите предлози кои македонската страна ќе ги отвори ќе бидат сериозно разгледани.

Ова е прва официјална посета на еден крал од арапскиот свет од независноста на Република Македонија. Досега претседателот Иванов и емирот се сретнале во 2009 година во Њујорк за време на 64-то Генерално Собрание на Обединетите Нации и следната година во Катар за време на десеттиот Доха Форум. Оттука емирот заминува на мини-европска турнеја во Албанија, Полска и Украина.

Според агендата, утре, на вториот ден од посетата, емирот ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по што е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Катарската делегација брои 100 лица, меѓу кои двајца членови од потесното кралско семејство и 12 министри. Во придружната делегација има голем број обезбедување и претставници на медиумите, а овие два дена во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на движење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...