Усвоени заклучоците по Извештајот на ЕК

Скопје, 27 октомври 2011 (МИА) - Собранието на Република Македонија вечерва едногласно ги усвои заклучоците за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Во нив, меѓу другото, се посочува дека оценките и коментарите содржани во Извештајот се одраз на реалните состојби во Република Македонија за постигнатите резултати во процесот на нејзиното интегрирање во ЕУ. Надлежните органи се задолжуваат да ги анализираат забелешките, а Владата да изготви план за реализација на препораките содржани во Извештајот.

Во точка девет од заклучоците со жалење се констатира отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК.

- Собранието ја повикува Европската комисија согласно принципот на почитување на европските различности без одлагање да ја преиспита неупотребата на придавката македонски во контекст на јазиците и културните особености во Република Македонија, а согласно официјалната терминологија на Обединетите нации, стои во документот. 

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, која им се обрати на пратениците во попладневниот дел од седницата, истакна дека Извештајот на ЕК е реален и го покажува вкупниот ангажман во текот на годината. Извештајот, рече Арифи, е позитивен во оние делови каде сме постигнале напредок, но има и забелешки во оние сегменти каде треба повеќе да работиме.

Таа посочи дека како позитивно е нотирано исполнувањето на политичките критериуми, последните парламентарни избори во државата и политичкиот дијалог, а реформите во судството, јавната администрација и слободата на изразување се области на кои треба серозно да им се пристапи. 

- Тоа се трите точки кои треба да ги третираме сериозно и да ги направиме реформите што се потребни за да ги постигнеме бараните европски стандарди, нагласи Арифи, додавајќи дека ќе бидат изготвени два акциони плана во кои ќе бидат дадени натамошните насоки за реализирање на реформите во овие области.

Во однос на барањето на ДПА на седницата да присуствува вицепремиерот за европски прашања, Арифи рече дека коректно го известила Парламентот оти поради здравствен проблем не може да присуствува на седницата.

- Никогаш не бегам од доаѓањето во Парламентот. Јас сум еден од претставниците на Владата која цели недели поминува во дебати во комисиите. Не сум оставила ниту еден медиум без одговор и сум присуствувала на сите комисии каде сум била поканета. Денес на коректен начин го информирав Парламентот дека имам здравствен проблем, нагласи Арифи.

Опозицијата обвини дека државата тапка во место и оти нема никаков напредок на полето на евроинтеграциите, додека парламентарното мнозинство оцени дека во најголем дел од Извештајот е нотиран напредок, а единствената причина поради која Македонија нема датум за преговори е спорот со името.

Правејќи споредба со 2005 година Маринела Тушева од СДСМ рече дека тогаш државата во повеќе сегменти била подобра од Хрватска, а сега е далеку зад неа и оти во тогашниот извештај била спомената придавката „македонски“ за разлика од најновиот извештај каде оваа придавка е изоставена.

Според нејзиниот сопартиец Андреј Петров, политичките критериуми се голем проблем за интегративните процеси на земјата, a Горан Мисовски од НСДП обвини дека овогодишниот извештај е негативен поради политиката што ја води Владата.

Весна Бендевска обвини дека Владата и премиерот имаат план да ја оддалечат Македонија од евроинтегративните процеси, на што реплицираше Александар Спасеновски, кој рече дека со дискусиите на опозицијата се рушат шансите во декември да биде потврдена препораката за почеток на преговори.

- Она што загрижува со вашата дискусија е дека Вие на еден позитивен извештај, кој содржи препорака за почеток на преговори, се обидувате да го релативизирате. Она што го правите во овој момент сериозно ги нарушува шансите на македонската држава препораката која по трет пат ја дава ЕК да биде потврдена од страна на Советот на ЕУ. Наместо да се борите во декември препораката да биде потврдена, Вие свесно го рушите значењето на извештајот, нагласи Спасеновски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема што да крие и од што да се срами во однос на евроинтеграциите бидејќи е првата Влада која обезбедила не само позитивен извештај туку и препорака за почеток на преговорите за членство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...