Сведок во случајот Нешковски

Такво крвничко тепање, досега сум видел само на филмови

Обвинетиот за убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски, штипјанецот Игор Спасов денеска, на судското рочиште кое се одржа во Скопје беше за првпат покажан со прст од сведок.

- Тоа е дечкото што го тепаше Мартин, го видов во лице, изјави сведокот Филип Гроздановски, кој иако не бил на препознавање во полициска станица, непосредно по немилиот настан, сепак рече дека убаво го видел в лице специјалецот Спасов.

- Високиот крупен човек кој беше ќелав, со тетоважа на левата надлактица видов како го удри со нога во телото паднатото момче кое беше облечено во бермуди и маица, па потоа продолжи со тупаници да го удира по главата. По некое време лицето што го тепаше момчето се обиде да го крене, оти момчето не даваше знаци на живот, се обиде со шлаканици и вода да го освести. Потоа на местото каде се наоѓаше неподвижното тело на момчето дојде висок човек, меѓу 1,90 и 1,95 метри, на околу четириесетина години, со седа коса и заедно со лицето кое го тепаше момчето го фатија момчето и го одвлечкаа кон паркингот на МЕПСО, изјави пред судот сведокот Филип Гроздановски, кој рече дека бил на 15-20 метри од местото на тепањето.

Тој истакна дека откако дечкото најпрво бил кренат на клупата, која била на 4-5 метри оддалечена од местото на тепачката, пристигнале двајца униформирани полицајци. Гроздановски потенцираше дека паднатиот Мартин Нешкоски непосредно по падот викал „Немој, не ме удирај“.

За разлика од неговото сведочење, првиот денешен сведок имаше малку поинаква перцепција на случката која пред 5 месеци ја згрози македонската јавност.

Сведокот Дарко Кешкец кој истакна дека не го видел „тепачот“ на паднатото момче (Мартин Нешкоски), сепак раскажа пред судот дека ќелавиот крупен дечко наведнат врз момчето со тупаници го удрил 4-5 пати во глава. Кешкец денеска изјави дека оној кој го тепаше момчето самиот го однел до клупата, а во изјавата пред истражен судија истакнал дека двајцата униформирани полицајци го сториле тоа.

- Не знам зошто така сум кажал во истрага, денеска кратко одговори Кешкец.

Тој на прашање на адвокатот на обвинетиот Игор Спасов, Ване Андреев рече дека „Главата на детето му се трескаше од мермерот на плоштадот. Такво крвничко тепање, досега сум видел само на филмови“. Кешкец изјави и дека претепаното момче било облечено во фармерки и темна блуза, а другиот сведок потенцираше дека Мартин Нешкоски имал на себе бермуди.

Да биде забуната уште поголема во врска со деталите околу смртното претепување на Нешкоски се погрижи сведокот Васко Анастасов, кој се пожали дека не му биле почитувани правата како сведок во истражната постапка оти во просторијата освен истражниот судија, според него, на 8 јуни годинава бил и поранешниот адвокат на Спасов.

- Вечерта на 6 јуни, околу 12:30 часот видов како двајца се бркаат. Покрупниот го удри во грб ситното момче, по што тој падна на земја и се заврте кон него во седечка положба. Потоа со десната рака му удри бокс во главата, во десниот дел од челото, па со нога го удри во слабината. Тогаш со рака му ја фати главата и го удри од металната клупа, изјави сведокот Анастасов, иако никој од другите сведоци не спомена ваков вид на тепање.

Тој истакна дека „По ударот во клупата, на момчето, по рефлекс му се исправија нозете нагоре и не даваше никакви знаци на живот“. Анастасов го опиша оној кој го тепал момчето на плоштадот како крупен, атлетски граден со висина од околу 1,8 метри, со бели патики, бела маица и сини фармерки, со врзан, најверојатно, дуксер околу половината. Сведокот изјави дека веднаш по тепачката, на местото пристигнал висок црн човек, со долга коса и со брада и му помогнал на „тепачот“ да го одвлечат момчето до тревникот.

- Во 00.50 часот претепаното момче го видов како лежи на тревникот прекриено со најлон, околу него имаше полициско комбе и петмина полицајци, а од трите лица кои ми беа посочени во полициска станица, тој најмногу ми личеше на човекот кој го тепаше момчето (покажа во судницата кон Игор Спасов), изјави сведокот Анастасов кој додаде дека човекот е истиот од препознавањето, само има големи физички промени.

Денешниот судски процес продолжи со распитот на останатите повикани сведоци, меѓу кои и дел од обезбедувањето на манифестацијата „Баскерфест“, која вечерта на 5 и 6 јуни се случуваше на плоштадот во Скопје. Во среда продолжува судењето против специјалецот Игор Спасов со испрашување на останатите сведоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...