Премиерот Груевски во посета на Австрија

Виена, 21 ноември 2011 (МИА) – Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска и утре престојува во Австрија каде што ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

Во рамки на посетата премиерот Груевски денеска ќе се сретне со австрискиот канцелар Вернер Фајман, а ќе учествува и ќе се обрати на завршната заедничка сесија „Перспективите по 8. Виенски економски форум“. Тој ќе има средби и во Федерацијата на австриската индустрија.

Можностите за инвестирање пред австриската бизнис заедница ќе бидат претставени утре на Македонско-австрискиот бизнис форум. Премиерот утре ќе има средба и со претседателот на Стопанската комора на Австрија Кристоф Лајтл.

Македонија и Австрија имаат добри политички односи. Австрија е поддржувач на евроатлантската интеграција на Македонија и добивањето датум за почеток на претпристапните преговори за ЕУ. Таа е еден од водечките инвеститори во Македонија со прилив на директни инвестиции од 371,9 милиони евра во периодот од 1997 до 2010 година и е на прво место по приливот на странски директни инвестиции од 2005 до 2010 година.

Годинава приливот на инвестиции од Австрија изнесува 10 милиони евра. Најголем прилив на австриски капитал во земјава е влезен по пат на приватизација и постприватијазција, и тоа во „Кнауф“ Дебар, „Порцеланка“ Велес, ИГМ Пролетер - Виница, како и во трговијата Центро - Скопје.

Во 2007 година со 45 милиони евра инвестиција дојде австриски „Мобилком“ како трет мобилен оператор, а австриски капитал е присутен и во банкарскиот сектор, осигурувањето и други услужни дејности. Постои голем интерес за влез во енергетскиот сектор, а како целни сектори каде се очекуваат инвестиции од Австрија се автомобилски компоненти, земјоделство и преработка на храна, бизнис услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, градежништво и недвижности и туризмот и инфрастрктурата.

Размената со Австрија во првите седум месеци од годинава изнесува 98.004.000 американски долари, со дефицит на македонска страна. Најмногу извезуваме феросиликоманган, плетена и хеклана постелнина, текстил.., а увезуваме месо, ткаенини од памук и други синтентички влакна, производи за исхрана, новинарска хартија во ролни и листови и слично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...