Утре ќе се засадат 5,7 милиони дрвца

Скопје, 22 ноември 2011 (МИА) - Под мотото „Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо на мирот“ утре на 400 локации низ Македонија ќе бидат засадени пет милиони и 700 илјади садници во рамки на есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“.

Во осмата акција дрвца ќе бидат засадени во близина на населените места, природните и вештачките езера, во делот на националните паркови и покрај регионалните и локалните патишта.

Водечкиот настан на кампањата е „Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов“.

Писмото, како што информира организацискиот одбор на акцијата, содржи недвосмислена и јасна порака дека преку засадувањето иднина со свои раце ќе кажеме дека засадуваме не само дрвца, туку и пријателство, добрососедство, толеранција и взаемна почит.

- Писмото е повик за масовно заедништво во кое преку чинот на лично учество во акцијата со свои раце, со едно срце, ќе засадиме иднина за нас и за светот. Писмото е силна порака дека не дозволуваме да бидеме обезимени и не би дозволиле таква неправда да биде нанесена никому, не само нам, објаснуваат организаторите.

На денот на акцијата во знак на согласност со Писмото, граѓаните ќе можат да се потпишат во тетратки кои по одржувањето на акцијата ќе бидат испратени до Обединетите нации и до Европската комисија.

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи утрешниот ден за не работен, што ќе се одработи в сабота на 26 ноември.

Акцијата во неделата симболично ја почнаа премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со засадување дрвца во центарот на Скопје, а вчера дрвца садеа амбасадорите на странските земји во Република Македонија и претставници на верските заедници.

Осмата акција за садење дрвца е во духот на прославата на светскиот настан наречен „Година на дрвото“ прогласена од Обединетите нациии.

Во изминатите седум акции засадени се 38 милиони стебла, а со оваа вкупно ќе бидат насадени околу 44 милиони садници.

Првата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...